Како изгледа неуспехот?

Рускиот психолог Михаил Лабковски, зад себе има преку 25 години работен стаж и многу научни трудови. Неговите мисли за неуспехот ви ги пренесуваме во целост.

Многу луѓе мислат дека неуспех е да работиш како домар или да живееш со мајка ти на свои 40 години. Или на 45 години да бидеш без маж и деца и да живееш со мачки. 

Но, неуспехот не изгледа така. 

Сакате ли да ви кажам што е всушност неуспехот?

Еве ова е неуспех:

  1. Ниту еден ден да не го живееш онака како што сакаш.

  2. Да ја работиш најпрестижната работа, но да ја мразиш.

  3. Да се омажиш за најпаметниот, најперспективниот и најубавиот, но да не го сакаш.

  4. Секојдневно да броиш калории за да „носиш“ туѓо тело.

  5. Цел живот да сонуваш да напишеш роман, но премногу да се плашиш да го продолжиш она што си го започнал со пишувањето на друго поглавје. 

  6. Секоја вечер да имаш секс, но само од навика, а не од страст.

  7. Да живееш со мажот во хармонија, разбирање и љубов, но да сонуваш за соседот.

  8. Тоа е кога детето сака да си игра – а вие не сакате никој да ве вознемирува.

  9. Тоа е како да сонувате за доручек со кроасан додека разгледувате списание, но наместо тоа да пиете инстант кафе додека седите пред компјутерот.

  10. Секој ден да сонуваш дека работите ќе се променат, но да не направиш ништо за да се променат.

Е тоа е она што јас го нарекувам неуспех.

Автор: Михаил Лабковски