Како изгледа една остварена жена?

Постојано се пишува за остварените жени, независните жени. Тоа се чини дека е голема дебата во векот во кој живееме. Рускиот психолог Михаил Лабковски се придружи кон оваа дебата и го даде своето мислење за остварената жена, како и главните карактеристики кои една остварена и самодоволна жена ги поседува. Се согласувате ли со ова? 

Како изгледа една остварена жена?

Таа уште од мала научила да се потпира само на себе.

Таа си е доволна самата на себе. Не ѝ се неопходни други луѓе за да ги реши сопствените проблеми.

Таа е независна во секоја смисла на зборот. 

Таа не бара помош, но кога е тоа потребно вклучува други луѓе.

Таа не прави компромиси.

Таа никогаш не се споредува со никого.

Таа е задоволна со својот изглед.

Таа не сонува за брак затоа што нејзината среќа не зависи од другите.

Таа не прифаќа нерамноправност.

Таа никогаш нема да ја напушти работата, затоа што е дел од нејзиното себеостварување, ја сака својата работа и ужива во неа.