Како хороскопските знаци реагираат на изјавите на љубов?

Сите сакаме да ги чуеме тие магични зборови „те сакам“. Сепак, секој од хороскопските знаци на различен начин ја доживува љубовта, а со тоа и изјавите на љубов.

Овен

Заљубените Овни на секоја изјава на љубов ќе одговорат двојно постраствено и поромантично. За нив, љубовта е предизвик, па така и искажувањето љубов.

Бик

Тие ќе останат студени пред вас, а потоа на пат кон дома ќе танцуваат. Од следното утро, вие веќе сте целиот нивни свет. Не им е лесно да изјават љубов, но штом еднаш го направат тоа, таквата љубов трае цел живот.

Близнаци

Близнаците ќе ви речат „ и јас те сакам тебе. Но, сакам и колачи и патувања и ги сакам и другите луѓе“. Кога станува збор за љубовта, тие лесно можат да се заљубат, но и одљубат и за нив љубовта е како детска игра.

Рак

„Но дали си сигурен/сигурна?“ Вака би звучеле зборовите на Раковите. Пред да ви кажат дека ве сакаат, тие сакаат да знаат дека сте сигурни во тоа.

Лав

Лавовите се сигурни дека ги сакате уште од првиот момент кога ќе ве видат. Така што ако им кажете дека ги сакате, тие ќе речат “Па секако дека ме сакаш“. Тие се горделиви личности кои малку претеруваат во љубовта.

Девица

Практичните Девици можат да ви се заблагодарат за тоа. Тие не се многу зборлести, ниту пак сакаат да зборуваат за љубовта, ама барем се пристојни и љубезни.

Вага

Можно е да ви речат дека мораат да одат. Вагите сакаат сериозни и длабоки врски. Ако не се сигурни дека вие сте вистинската личност, на секоја изјава за љубов, тие ќе побегнат од вас.

Шкорпија

Хммм... треба да пројде некое време додека да ве запознаат, да им кажете дека ги сакате, а потоа тие да се отворат и да ве засакаат. Тие тешко засакуваат, но штом еднаш влезете во нивното срце, таму сте засекогаш.

Стрелец

Тешко е да се скротат Стрелците,но штом еднаш го направат тоа , тие ќе бидат првите кои ќе кажат и покажат дека ве сакаат. Ако не го направат тоа, не сте нивни тип.

Јарец

На Јарците многу им годи кога некој им изјавува љубов и иако се студени, тие ќе поцрвенат и нема да знаат што да ви одговорат. Тоа не значи дека не ве сакаат, туку едноставно тие пресериозно ги сфаќаат љубовта и изјавите на љубов.

Водолија

Можеби ќе ве прашаат дали воопшто знаете што е тоа љубов. Водолиите обожаваат да филозофираат. Тие ќе сакаат прво да размислат за врската и за концептот на романтична љубов, а дури потоа да направат нешто околу тоа.

Риби

Ќе ве прашаат што сте рекле, ќе се чудат дали добро ве разбрале и ќе мислат дека ги лажете. Штом им покажете дека вистински ги сакате, ќе се опседнат со вас, како никој друг.