Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора соопшти дека за претстојните празници Нова година и верскиот празник Божик, неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари, како и 7, односно 8 јануари 2018 година за припадниците на православната вероисповед.
Неработни денови во Албанија ќе бидат и 1 и 2 јануари, додека 8 јануари за припадниците од православна вероисповед.
Според податоците на Министерството за труд на Србија неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари за Нова година, како и 8 јануари за православен Божик.
Жителите на Босна и Херцеговина нема да работат за 1 и 2 јануари. Според Законот за пранзици во Федерацијата БиХ, Нова година се слави на 1 и 2 јануари, додека за божикните празници 8 јануари ќе биде неработен само за лицата што го одбележуваат овој верски празник.
Населението на Косово по повод претстојните празници нема да работат на 1 и 2 јануари, како и 8 јануари за верниците од православна вероисповед.
Жителите на Македонија за време на претстојните празници ќе имаат два неработни денови. Според законот за празници неработни денови се 1 јануари и 8 јануари за православен Божик за сите сите граѓани.
За време на претстојните празници за жителите на Хрватска нерабоен ден е 1 јануари за Нова година.