Како газираните пијалоци влијаат врз здравјето?

Истражувањето кое опфати повеќе од 400 илјади луѓе во Европа, утврди дека ризикот од рана смрт е зголемен кај луѓе кои консумираат две или повеќе чаши газирани пијалоци засладени со шеќер. 

Нашите резултати за засладени газирани пијалоци даваат дополнителни аргументи за ограничување на нивната потрошувачка и нивна замена со други поздрави пијалоци, по можност вода. Што се однесува до вештачки засладени газирани пијалоци, се надевам дека ваквите студии ќе бидат поттик за промена на животниот стил“, рече авторот на студијата Нил Марфи.

Тој додаде дека можеби самите газирани пијалоци не се во коренот на проблемот, туку нивната прекумерна употреба. Како пример, тој наведе дека консумирањето на големи количини на газирани пијалоци е знак на општо нездрава исхрана.

Испитаниците ги пополнија прашалниците за нивната исхрана, начин на живот, образование, пушење, консумирање алкохол и физичка активност. Луѓето со карцином, срцеви заболувања и дијабетес беа исклучени од студијата.

Точно 451.743 лица со просечна возраст од 51 година учествуваа во студијата. За време на 16-годишното истражување, починале 41.693 луѓе.