Како е да се биде во врска со секој од хороскопските знаци?

Хороскопот ни дава одговор: како е да се биде во врска со секој од хороскопските знаци?

Овен

Потребата да се постигне успех не само во кариерата, туку и во нивниот личен живот за родените во овој знак значи дека тие не се предаваат лесно на љубовта. Тие сакаат внимание, но и добар предизвик. Комплиментите не се доволни за родените во овој знак, туку тие бараат многу повеќе. Потребна е акција за да им покажете дека тие се посебни за вас. Овните сакаат партнер кој е подготвен да направи храбри потези без да им се одземе контролата.

Тие се бестрашни и во животот и во љубовта. Штом го освоите нивното срце, тие немаат проблем да ги покажат своите емоции. Во љубовта влегуваат со огромна сигурност и со нив точно знаете на што сте. Но, иако сакаат доминантни личности покрај себе, немојте да правите грешка -  тие не сакаат некој кој ќе се обиде да ги контролира. Независноста и интелектот се клучната карактеристика со која ќе ги освоите но и поради која ќе ве сакаат.

Бик

Родените во овој знак се одговорни, трпеливи и приземјени. Кога размислуваат за љубовта, тие сакаат долгорочен партнер кој нема да ги брза никаде. За нив, морате да покажете посветеност и да не ги притискате да ви покажат дека ве сакаат. За Биковите, љубовта е процес па потребен им е простор и време да сфатат дека се подготвени. 

Не е лесно воопшто да ги освоите, тие сакаат флерт и игра. 

Биковите се сензуални личности кои ќе ви покажат дека се грижат за вас и ќе ви дадат внимание. Ако не им се допаѓате, воопшто нема да трошат време на вас. 

Штом ги освоите, тие ќе ве сакаат со целото срце. Понекогаш можеби ќе покажат посесивност, но тоа само значи дека ја сакаат својата територија и како и за сите други работи во животот, не сакаат да го делат тоа што е нивно. За нив, довербата е процес како и љубовта, но и составен дел од неа. Тие се лојални само ако веруваат некому целосно. 

Тие сакаат мали романтични гестови и знаци на внимание. Иако често за нив се вели дека се материјалисти, тие само сакаат сигурност и за нив среќата во љубовта и животот произлегува од тоа. Тешко им е да бидат со партнери кои се неодговорни во однос на својата работа, кои се невработени и кои немаат сигурен приход. 

За нив, сексот и физичкиот допир се многу важни, но не го покажуваат тоа на прв поглед. 

Близнаци

Ѓаволестите Близнаци се најнепредвидливиот знак во хороскопот.  Тие лесно ќе ве заведат и освојат и тоа е дел од нивната природа. Ако ви се допаѓаат, подгответе се да имате конкуренција ако посакате да ги освоите. Тие постојано имаат некој покрај нив, кој се обидува да ги освои. 

Близнаците обожаваат да комуницираат и сакаат луѓе со силна смисла за хумор. Да ги освоите не е лесно, но тоа навистина вреди. На моменти ќе играат игра топло-ладно, но тоа е дел од убавината да се флертува со Близнаците, но и дел од нивната двојна природа. Едно нешто е сигурно, а тоа е дека никогаш нема да ви биде здодевно со нив. Бидете подготвени постојано да го менуваат својот ум во однос на тоа што го сакаат.

Близнаците се директни и доколку ги освоите најлошото нешто што можете да го направите е да ги предадете. Затоа, не ја тестирајте нивната доверба, не правете да се чувствуваат како да не вредат доволно, бидејќи тоа ги боли најмногу.

Тие се еден од знаците кои ќе ви дадат најмногу внимание ако ве сакаат. Иако се непредвидливи, секогаш можете да сметате на нив во љубовта. 

Рак

Ова е најемотивниот и најинтиутивниот знак во хороскопот. Тешко е да ги запознаете бидејќи не се отвораат лесно пред другите луѓе, но не се комплицирани личности. Како воден знак, тие се водени од нивните емоции и срцето. Едноставно знаете дека сте сакани со нив, бидејќи тие никогаш не играат игри. Но, сепак тие не се заљубуваат брзо. Прво треба да ја добиете нивната доверба и почит,а штом ве засакаат, ќе ве сакаат долго, често и засекогаш. 

Раковите се романтични личности кои сакаат мали гестови, романтични вечери и старомодна љубов. За да ги освоите, слушајте ги што имаат да кажат. За нив се важни и нивното семејство и пријателите па затоа важно е да направите напор да ги запознаете и засакате. Штом ве пуштат во својот живот, тие ќе ве пуштат и во своето мало царство, во мојот дом. Ним им е потребен партнер кој ќе направи да се чувствуваат сакано, но и пријатно и сигурно.

Лав

Воопшто не е чудо ако ви се допаѓа личност родена во овој знак, бидејќи тие се природни шармери. Тие се еден од најдарежливите личности кои сакаат да даваат, но и да земаат. Сакаат да им се восхитувате, да ги сакате и опсипувате со внимание, а тоа е најдобриот начин да ги освоите.

Штом се заљубат во вас, тие ќе посакаат да бидат центар на вашиот свет. Тогаш ќе бидат посветени и лојални, но никогаш нема да можете да го предвидите нивниот следен потег. Имаат многу енергија и лесно се заморуваат од рутината, затоа не дозволувајте никогаш да им биде досадно. Ако ги сакате, дајте им слобода да бидат свои и простор да бидат независни. 

Во сексот, тие се многу слободни и сигурни во себе. Знаат да бидат доминантни и точно да ви покажат што сакаат. 

Ако ги навредите или повредите на некаков начин, ниту ќе простат ниту ќе заборават. Од таа точка, нема враќање назад.

Девица

Овие перфекционисти е најтешко да ги освоите. Ако ви се допаднат, подгответе се на тоа дека ќе ви биде потребно време и бидете трпеливи. 

Ако се саркастични, не пробувајте да навлегувате и да го разберете тоа. Ќе се заљубат во вас, ако дозволите да ги надминат сите бариери и целосно да се опуштат покрај вас. Тие се нежни личности, но не го покажуваат тоа секому. Понекогаш се водени од самиот инстинкт да се заштитат себеси. Тие не сакаат плитки разговори, туку сакаат да видат дека го цените нивниот интелект. 

Овие личности се многу практични, ориентирани кон деталите и ќе паметат многу работи кои сте им ги кажале. Имаат многу љубов во себе и ако се заљубат во вас, ќе ве сакаат со целото свое срце. 

Девиците можат да простат, но не и да заборават. Тие имаат постојан страв од љубовта и од тоа дека ќе бидат повредени, па секогаш треба да го имате на ум тоа. Ако вложувате напор во љубовта, тие секогаш ќе го забележат и возвратат тоа, на еден свој сладок невообичаен начин. 

Најважно е да им дадете време и простор да се опуштат во интимноста. Тие се сензуални и сексуални личности на кои им треба време да ја откријат интимноста и да се отворат во еротска смисла. 

Вага

Родените во овој знак се личности кои се весели и кои постојано тежнеат кон хармонија, па затоа во партнерот бараат некакво надополнување на себе. Тие се социјални личности кои сакаат да се дружат, но кои сакаат да ги имаат работите под контрола иако навидум не изгледа така. 

Не им ставајте многу притисок на почетокот бидејќи потребно им е време да донесат одлука. Дозволете им малку да бидат неодлучни и покажете им дека го прифаќате тој дел од нивната личност.

Кога Вагите ќе почувствуваат дека се заљубуваат, тие имаат чувство дека го губат тлото под нозете и потребно им е време да го разберат тоа што се случува во нивниот живот. На Вагите им е важна убавината, тие сакаат внимание, но не претерано како Близнаците и Лавовите и се многу внимателни кому веруваат.

Тие се верни љубовници кои ја сакаат љубовта и штом се заљубат за нив не постои друга личност и друга опција. Едноставно не размислуваат за тоа. 

Во сексот, Вагите имаат силно либидо и уживаат во секој аспект од интимноста. За нив, сексот е многу важен дел од врската, односно уметност во која уживаат постојано.

Шкорпија

Родените во овој знак се најмистериозните личности во хороскопот. Ако се заљубите во една Шкорпија, треба да знаете дека никогаш нема целосно да ги запознаете. Лесно е да утврдите дали им се допаѓате, тоа ќе го забележите по вниманието кое ви го даваат. Ако ве засакаат, на почетокот вие станувате како предмет на нивната опсесија. 

Иако делуваат отворено, сепак тие се многу резервирани и често се таинствени. Ако ви откријат тајна, тоа значи дека навистина ви веруваат. Тие се многу тврдоглави и мислат дека нивниот начин е најдобриот начин, па морате да го прифатите тоа. Ако сакаат да победат, пуштете им да мислат дека тоа е така.

За нив, сексот е многу важен дел од љубовниот однос, тие се најсензуалните личности кои ќе ги запознаете. Тие се вешти во љубовта и треба да се подготвите за океан полн со страст и емоции. Но, бидете внимателни бидејќи тие некогаш го користат сексот како средство за манипулација.

Штом ќе се заљубат во вас, за нив станувате нивната личност, но ако ги повредите, ќе зажалите до крајот на животот. За нив, одмаздата е важна, но нивното мото е дека таа е најслатка кога ја сервираат кога најмалку очекувате. 

Стрелец

Родените во овој знак се забавни, енергични, љубопитни социјални личности. Потребно е многу енергија да се носите со нив, некогаш ќе се истоштите, но никогаш нема да ви биде здодевно. 

Тие се знак кој постојано учи нешто ново. Ако сакате врска со нив, подгответе се за нови искуства, нови знаења и авантури. Еден ден сакаат да одат на концерт, друг ден на далечно патување, а потоа романтична вечера под ѕвездите. 

За нив, слободата е најсветото нешто. Тоа не значи дека ќе посакаат да прават што сакаат и да ве изневеруваат, туку им е потребен простор да бидат сами. Ако им ја украдете слободата, тоа е најбрзиот начин да ги изгубите. 

Стрелците се особено искрени и немаат никаква толеранција за игри. Секогаш искрено ќе ви кажат како се чувствуваат и што мислат. Со нив, ќе живеете во моментот, но ќе имате исполнет живот и многу убави спомени. Дозволете им да ви го донесат тоа убаво нешто во животот.

Јарец

Јарците се амбицизони личности кои на прв поглед делуваат многу студено и резервирано. Потребно е малку повеќе време да го срушите нивниот ѕид и да им дозволите да ви покажат дека се топли личности кои знаат да сакаат. 

Тие не сакаат слатки зборови, туку ќе ги освоите со дела и одговорност. Независни се, но тоа не значи дека не им требате во животот, иако понекогаш ќе ви изгледа така. Тие сакаат да знаат дека се центар на вашиот свет и иако нема да ви бараат премногу внимание, сакаат сигурност дека се сакани. За нив е важна финансиската стабилност и не сакаат партнери кои немаат цели во животот. 

Родените во овој знак се многу искрени личности, а истото го очекуваат и од вас ако ве засакаат. Ќе бидат тука да ви помогнат да успеете во сите нешта што ќе ги намислите и ќе ве мотивираат да го постигнете сето она од што некогаш сте се плашеле, а не бараат ништо за возврат. 

Во сексот се конзервативни, но штом ги освоите ќе ви ја покажат својата најлуда страна. Ќе ве изненадуваат постојано и ќе ве заведуваат 24 часа на ден. Тоа е нешто што не го очекувате кога ќе ги запознаете поради нивниот студен екстериер, но е слатко изненадување кое ќе го добиете само ако ви веруваат.

Водолија

Родените во овој знак ги рушат сите традиции и се најуникатните личности кои ќе ги запознаете. Тие се ексцентрични и едноставно не е лесно да ги освоите. Со нив, никогаш не е досадно, а разговорите никогаш не се плитки или досадни. Но, Водолиите се многу непредливи и ако сте со нив во врска, никогаш нема да знаете кој е следниот потег. Некогаш можат да ви раскинат или да ви кажат дека им е потребен простор кога најмалку го очекувате тоа. Со нив, љубовта е ризик кој едноставно морате да го прифатите.

Ним им е потребна смирена личност која ќе им го даде просторот кој им е потребен. Тие сакаат да се свои и не сакаат никакви ограничувања. Почитта значи сè за нив и иако ја сакаат слободата, тие се врзуваат само за оној партнер кој го сметаат совршен за себе.

Стимулацијата во сексот е важна за нив. Никогаш не би можеле да бидат со личност која е досадна во сексот. Тие сакаат да ги кршат правилата.

Риби

Овие личности се едни од најчувствителните луѓе на светот, луѓе кои постојано идеализираат, но и кои имаат неверојатна емпатија во себе. Тие го носат своето срце отворено и затоа другите луѓе често ги повредуваат. Пред да влезат во врска со вас, можеби ќе ве тестираат. Со нив, морате да го направите првиот чекор, но тоа нема да биде тешко, бидејќи тие се топли и пријателски настроени. 

Тие се идеална личност за долгорочен партнер и совршени сопружници. За нив е важна само лојалноста и да се однесувате како да се еднакви на вас. Ако го направите тоа, ќе го имате нивното цело внимание, доверба и љубов за цел живот. Никогаш нема да се чувствувате сами или неразбрани покрај нив.

Тие се романтичари во срцето кои сакаат старомодна љубов – цвеќиња, љубовни пикници, музички плочи и многу бакнежи. Никогаш не се однесувајте како да не ги почитувате, бидејќи ја знаат својата вредност и ќе ве изненадат колку можат да бидат груби кон вас кога ќе видат дека го правите тоа.

Во сексот, сакаат нежност и страст, а нивната имагинација може да ги однесе далеку.