Како е-бизнисите како TeachHoot придонесуваат кон модернизација на образованието?

Во последните 20 години начинот на кој учиме и се усовршуваме забрзано се менува благодарение на интернетот како револуционерна алатка за достапност до информации. Границите коишто до вчера претставуваа пречка во комуникацијата, работата и учењето, драстично се намалуваат со помош на новите веб-апликации, а нивната корисност дополнително се истакнува во вонредни услови, како оние во кои моментално живееме, кога движењето е целосно ограничено.

TeachHoot e eдна од ретките образовни веб-платформи во државата која дава свој придонес во менувањето на состојбата во пристапноста на едукативните услуги и нивна поголема и побрза реализација, а воедно и единствена платформа која нуди индивидуални приватни часови со тутор во нивната виртуелна училница. TeachHoot всушност претставува производ на долгогодишно искуство и истражување на двајца ентузијасти кои љубовта кон технологијата, знаењето и потребата за лично усовршување ја преточија во изработката на виртуелна училница.

Како партнер во остварувањето на нивната цел за модернизирање на образованието со примената на информатички технологии, на своја страна ја имаат Халкбанк, како единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија.

Кои се најубавите моменти во водењето на е-бизнис, кои се клучните елементи за развој на е-трговијата и како Халкбанк ги поддржува идеите за електронски бизнис, погледнете во видео-интервјуто со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot.