Како душа на човек што страда - во Скопје зјаат куќи во распаѓање

Скопје и околината се преплавени со убави и модерни куќи. Убави фасади, средени дворови. 

Но, Скопје, сепак има и една сосема друга слика. Фасади што се распаѓаат, рунирани покриви, скршени прозори...И додека многумина не можат да си најдат покрив над главата, додека упорно се работи на изгледот на градот, во Скопје зјаат куќи во распаѓање. Како душа на човек што страда. 

Ги има речиси насекаде и заедничко им е што се празни со децении и за нив никој не се грижи. Некои имаат и сопственици, но и тие дигнале раце од нив. Причините зошто куќите се оставени се најразлични – некои семејства згаснале, некои се иселиле во странство и веќе никој не се интересира за нив, за некои има семејни недоразбирања околу наследството… На крајот, резултатот е тој што голема вредност каква што е куќа во Скопје е оставена да пропаѓа, а тоа прави грда слика за градот.

А зад секоја од оваа куќа се чуваат многу спомени, многу убави моменти, многу насмевки. Се гледа дека таму се имат родено многу дечиња, дека таму се правеле многу веселби. Но, денеска, се е празно и запустено... 

Сликите понекогаш се потешки од илјада зборови. Доволно е да погледнеш и се да ти е јасно. 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Игленица (@iglenica1) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Игленица (@iglenica1) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Игленица (@iglenica1) on