Како државата ќе ги користи приватните болници, кој ќе ги плаќа услугите?

Дали кризната состојба ќе им донесе проблеми и поголеми трошоци на пациентите со КОВИД кои ќе бидат третирани во прватните болници поради одлуката на Владата?

Во членот 33 од Законот за управување со кризи се вели дека државата надоместува до 30 отсто од просечната плата на работник, а ги надоместува и трошоците при евентулано оштетување или уништување на средствата кои ќе бидат користени од приватниот субјект. Владата може и со подзаконски акт да ја утврди висината на надоместокот што би ја добиле приватните болници.

 Но што со остатокот од трошоците? Дали нив ќе ги сноси Фондот за здравство, дали приватните болници ќе се откажат од нив или ќе бидат на терет на пациентот?

Професорот по управно право Давитковски за Сител, вели законот е недоречен и воопшто не е соодветен за здравстени кризи, туку повеќе за природни непогоди кое е потребна механизација или физичка сила.

Според него, Владата час поскоро треба да ги додефинира односите, во спротивно очекува судски спорови.

Давитковски вели дека ваков проблем немало да настане доколку државата воспоставела навреме систем да се склучуваат управувачки договори со сите приватни фирми кои вршат некаков јавен интерес, пример во образованието или во здравството, а во кои однапред ќе бидат дефинирани односите во секакви ситуации, па и во вакви здравствеи кризи.