Како до подолготраен секс?

Доколку не сте задоволни со времетраењето на сексуалниот чин, тогаш време е да започнете да преземате нешто за да го продолжите, а истовремено и да го зголемите квалитетот. Прочитајте ги овие едноставни совети кои ќе Ве одведат до маратонски секс.

Доколку не сте задоволни со времетраењето на сексуалниот чин, тогаш време е да започнете да преземате нешто за да го продолжите, а истовремено и да го зголемите квалитетот. Прочитајте ги овие едноставни совети кои ќе Ве одведат до маратонски секс. Првиот и основен чекор кон подолг сексуален однос е промена на пристапот. Одвојте неколку вечери кои ќе ги посветите само на секс и ништо друго.

Разговарајте со партнерот. Фокусирајте се најмногу на нештата кои ве возбудуваат двајцата.

Спортувајте заедно.

Не само што заедничката физичка активност дополнително ќе ја зголеми блискоста помеѓу вас, туку и самата физичка активност ќе го подигне нивото на тестостерон, на подолг рок, што значи ќе се зголеми и сексуалната издржливост. Најдобрите заеднички активности се: трчање, пливање или планинарење. Според едно истражување од Англија, сексуалната желба кај мажите значително нараснува доколку непосредно пред сексуалниот чин конзумираат калинки или сок од калинки. Оттаму, пред да започнете со сексуалната игра, поделете една калинка или турете си по една чаша сок од калинки. Испланирајте заедничко патување, за време на викенд или пак земете одмор во најневообичаеното време и заминете на море.

Смислете возбудливи игри во кои ќе уживате и веќе не мора ниту да излезете од собата додека сте таму.

И не заборавајте, повеќе од половина од сексуалната возбуда лежи во креативноста. Доколку имате доволно имагинација и сте посветени на тоа, можете во сопствениот дом да направите да се чувствувате магично кога сте заедно со партнерот. Постепено, должината на самиот сексуален чин несомнено ќе се зголемува.