Како да знаете дека сте во квалитетна врска со себеси?

Дали се цените себеси и своето време на ист начин како што тоа го правите за другите? Колку често зборувате лошо за себе, а ги чувате убавите зборови за другите? Љубовта кон себе не е само добра состојба на ум и расположение. Тоа е состојба на почит кон себеси која произлегува од делата кои го поддржуваат нашиот физички, психолошки и духовен развој.  Овој вид на љубов е динамичен, оваа љубов расте преку потстапките кои ни помагаат, тогаш почнуваме подобро да се прифаќаме себеси и нашите слабости и сила, треба помалку да ги објаснуваме нашите недостатоци, имаме повеќе сочувство за себеси, сосредоточени сме на исполнување на животните цели и очекуваме животно исполнување преку нашите, а не туѓите напори. 

Затоа е важно да земете еден момент за да размислите и процените во каква состојба е најважна врска од сите – врската со себеси. Во продолжение следат седум знаци кои покажуваат дека имате здрава врска со себеси. 

Се ставате себеси на прво место

Една од најтешките животни вистини е дека никој не може да се грижи толку добро за вас како вие самите. Луѓето со кои сте опкружени може да ве сакаат, може да ви помогнат, но никој не знае што ви е потребно, што проживувате или што сакате. Имајќи го тоа на ум, пронајдете храброст и одлучност да се ставите себеси на прво место – секогаш. 

Грижа за себеси, што е тоа?

Кога сакате некого, автоматски сакате да се грижите за нив и да направите сѐ што е во ваша моќ за тој човек да се чувствува удобно и задоволно. Но, од некоја причина, не се однесуваме така кон себеси. Грижата за себеси, што и да е тоа за вас: соодветно спиење, масажа, вежбање, време поминато во тишина, е сигурен знак дека сте во квалитетен однос со себеси. Барем еднаш неделно наоѓајте време само за себе и вашите задоволства.

Социјалните мрежи се за споделување, а не за споредување

Важно е да се препознае разликата: ако негувате квалитетна врска со себеси, споделувате содржина на социјалните мрежи за да се поврзете со другите. Во друг случај, ги користите социјалните мрежи за да ја потврдите сопствена вредност, за да добиете лајкови или да се споредувате со другите на нездрав начин или да им докажете нешто на луѓето кои не би требало да ви се важни. Пред да објавите нешто, проценете го својот мотив. Ако тоа е момент кој сакате да го споделите и запомните, продолжете со тоа што го правите. Но, ако тоа го правите само за вашите бивши партнери да видат „колку сте среќни“, можете да поминете и без таа објава. 

Водите сметка за вашите финансии

Економската сигурност е облик на грижа за себеси и знак за љубов кон себеси. Еднаш кога ќе ја процените вашата финансиска ситуација, полесно ќе забележите кога ги трошите парите на глупости. Замислете дека финансиската ситуација на саканата личност изгледа како вашата и дајте си себеси совети како што би ги дале на оние кои ги сакате. Ако не знаете како да се советувате, обратете ѝ се на личност на која ѝ верувате.

Љубезни сте кон другите

Озборувањето е техника која сме ја развила за подобро да се чувствуваме, па сосема е разбирливо дека ако сме среќни во сопствената кожа, нема да чувствуваме потреба лошо да зборуваме или да бидеме нељубезни кон другите. 

Не се вознемирувате поради туѓите мислења

Луѓето кои навистина се сакаат себеси, не потклекнуваат под притисокот на туѓите мислења, какви и да се тие.  Кога сте во квалитетна врска со себеси, ништо што доаѓа однадвор не може да го промени начинот на кој ги доживувате работите.