Како да знаете дека се наоѓате пред голем животен пресврт?

Процесот на трансформација не се случува одеднаш. Постојат многу мали чекори и од секој од нив имате некаква корист. Повеќето од нас живеат со поттиснат страв, во негирање, создавајќи си некаква удобност во тоа.

Ние користиме силни фиксни убедувања, мислења и навики за да го скриеме нашиот исконски бес, паника и болка, живееме вклучени на автопилот.

Но, не може вечно така. Процесот на промени вклучува еволуција на свеста од стравот кон љубовта. Тоа значи дека морате да ги растопите вашите стравови и да ги лечите емоционалните  рани такашто ќе ги разберете. А тоа значи дека морате да се соочите со нив, да ги почувствувате и да ги декодирате, нешто од коешто повеќето луѓе бегаат како од ѓавол. Непотребно е да се каже дека можно е да се појават различни облици на немир. Избегнување и поттиснување на потсвесните блокади ќе ве исцрпи, а исцрпеноста може да направи да се чувствувате разочарани, немотивирани и без надеж.

Вие сте пред голем животен пресврт.

Последниот здив на негативност на патот кон промените се случува кога конечно ќе се изморите од бегање и контролирање. Застанувате, нема ништо што можете да направите. Процесот ве приморува да бидете присутни во она што се случува и да бидете самите со себе, со своите стравови и болка.

Бидете присутни во својот живот и дозволете работите да бидат онакви какви што се и на тој начин ќе бидете она што сте, ќе ја почувствувате вашата душа, која сѐ уште е присутна.

Тоа се случува кога ќе се нурнете во тишината и нефизичката реалност. Тогаш се отвора вашата интуиција. Сега вашата душа може да сјае. Разбирањето и сочувството го уништува стравот. Доаѓа до олеснување, опуштање и враќање на радоста.

Се чувствувате многу подобро.

Ова е пресвртот во процесот на промени кога умот се предава и предизвикува големо проширување на свеста.