Жените сакаат да бидат како неа, а мажите – со неа. Жената со магнетска привлечност поседува шарм и харизма кои оддалеку ги пленат претставниците на спротивниот пол. Сигурно многупати сте се прашувале како некои жени со просечна убавина се толкунеодоливи што мажите не можат да го тргнат погледот од нив. Тие го поседуваат оној Х фактор по кои сите други копнеат.
Мажите се визуелни суштества. Тие го избираат својот „плен“ според она што го гледаат, а потоа преминуваат кон запознавање на внатрешната убавина. Но, додека некои жени се фокусираат само на подобрување на својот надворешен изглед, жената магнет знае дека магијата на нејзината неодоливост е спој од надворешната и внатрешната убавина.
За да станете магнет за спротивниот пол, прво треба да ги отстраните сите бариери кои ве прават несигурни и незадоволни од себе, кои ве спречуваат да се забавувате и да уживате во она што сте. Еве како да ја истакнете својата најдобра верзија и да станете магнет за машкиот пол: