Брзиот метаболизам кај некои луѓе е генетски предодреден. Генерално земено, мажите имаат побрз метаболизам од жените, но сепак не секој има доволно брз метаболизам. Брзиот метаболизам ни помага полесно да ги согоруваме калориите и полесно да ја метаболизираме храната. Доколку имате проблем со бавен метаболизам, применете некои од нашите совети.

Пијте зелен чај

Пиењето на зелениот чај е докажан метод за забрзување на метаболизамот. Истражувањата покажале дека редовното консумирање на зелен чај може да го зголеми согорувањето на калории за дури 17 проценти.

Контролирано пијте кафе

Значи кафето е здраво доколку се консумира умерено. Научниците тврдат дека кафето го забрзува метаболизмот, а притоа и согорувањето на калориите, но ефектот е краткотраен.

Повеќе витамин Ц

Витаминот Ц и калциумот се „партнери во криминал“ кога станува збор за брзината на вашиот метаболизам. Калциумот го забрзува метаболизмот, додека пак витаминот Ц му помага на телото при апсорбирање на минералите со што се создава победничка ситуација.

Пијте ладна вода

Пиењето на вода е многу важно за одржување на кондицијата на метаболизмот. И благата дехидратација може да го успори метаболизамот. Водата е добро да е ладна, затоа што организмот ќе биде принуден да употреби повеќе енергија за да ја затопли, а со тоа ќе го забрза метаболизмот и ќе согори многу калории.

Јадете често, но помалку

Доколку јадете двапати дневно и обилно, организамот ќе се исцрпи и нема да работи континуирано, но доколку јадете помалку на секои 3 часа, организамот перманентно ќе ја вари храната при што континуирано ќе троши енергија и ќе согорува калории.

Намалете го стресот

Стресот го зголемува нивото на кортизол во вашето тело. Кортизолот е хормон, кој му дава команда на организмот да ги задржува маснотиите при интензивни стресни ситуации. Пробајте со јога или медитација да го намалите стресот и да се смирите себеси.

Вежбајте

Секако за добра работа на метаболизмот е важно и секојдневното вежбање. Ова е можеби најефикасниот метод за забрзување на метаболизмот и секако трошење на калориите.

Зачинете ја храната

Ова сигурно сте го слушнале. Малку лут зачин може интензивно да го забрза метаболизмот и да помогне во согорување на калориите, но сепак не претерувајте со оваа метода.