Причините за намаленото либидо кај жените се различни, од прекумерен стрес, депресија, примање на контрацептивни таблети, менопауза, па сè до недоволна комуникација и проблеми во врската. Намалената желба за секс многу повеќе ги измачува и фрустрира жените, затоа што ним им е потешко да доживеат сексуална возбуда. Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го зголемите своето либидо по природен пат.
Не чекајте научниците да создадат женска вијагра затоа што малку по малку се откажуваат од таа идеја. Преземете ги работите во свои раце.
Заедничкото готвење ќе ви ја разгори желбата за поголема интимност