Како да се заштитите од лоши луѓе?

Ако некогаш сте се нашле во иста просторија со негативна личност, веројатно веднаш сте ја забележале нивната лоша енергија. Во продолжение прочитајте неколку методи кои би можеле да ви помогнат да се заштитите од лошо влијание и лоши луѓе.

Запомнете дека е невозможно да им угодите на сите. Ако некоја личност постојано се однесува лошо со вас, не се обидувајте дека да угодувате со надеж дека така ќе престане. Вашите постапки само ќе ви ја исцрпат енергијата.

Бидете внимателни кого пуштате во својот живот. Трудете се да се опкружите само со оние кои можат да имаат позитивно влијание во вашиот живот. 

Чувајте се од оние кои секогаш глумат жртви. Едно е да бидете рамо за плачење на пријателите, но чувајте се од оние кои секогаш и во секоја ситуација се жртви.

Поврзете се со природата. Обидете се да бидете во природа што е можно почесто. Ќе видите колку поволности ќе ви донесе тоа. 

Преземете одговорност за своите постапки, чувства и мисли. Вашиот став е ваша одговорност. Кога преземате одговорност за своето однесување, тогаш повторно се поврзувате со својата свет на едно пониско ниво. 

Запомнете дека не сте жртва и не смеете никому да дадете моќ да управува со вас и вашиот живот, затоа што вашиот живот е само ваша работа.