Како да се заштитиме од загадениот воздух - маските, помагаат ли навистина?

Се повеќе луѓе се одлучуваат да носат маски во обид да се заштитат од загадениот воздух.

Но, колку се ефикасни маските за лице? За жал обичните маски кои можете да најдете во аптеките не можат да ги сопрат фините честички, но тие дејствуваат како бариера за поголемите, кои исто така ги дразнат дишните патишта.

Користење на маските сигурно нема да ви наштети, но истовремено нема да го намали или сопре влијанието на фините честички врз здравјето.