Како да се заштитете од кражба на багажот на аеродром?

Во сезоната на годишните одмор кога многумина одбираат да патуваат со авион до крајната дестинација потенцијален проблем се и кражбите на аеродромите.  Ова најчесто се случува кога се брзате да поминете низ царинска контрола и безбедносниот пункт, кога во некои случаи сте принудени да ги собуете чевлите за да поминете низ машините за скенирање, па може да заборавите на мобилниот телефон, таблетот или лаптопот, што е совршена цел за крадците.
Еве неколку начини како да се заштитите и да се подготвите пред дури и да стигнете на аеродромот:

Консолидирајте ги работите пред да пoминете преку контролниот пункт
Пред да  стигнете пред  контролната лента, консолидирајте ги сите предмети. Некои таблети и слични електронски уреди можат да одат во рачниот багаж, додека помалите работи (како на пример пари, авиобилет, па дури и мобилните телефони) може да ги ставите во џебовите. Лаптопот секогаш треба да биде изваден надвор од рачниот багаж или торбата .

Не поминувајте низ контролниот пункт пред вашите торби
Со оглед на тоа што на аеродромот сè се случува набрзина и речиси сите се во брзање, може да се почувствувате под притисок, па да го пуштите вашиот багаж да помине на контролната лента додека ги соблекувате јакната или чевлите. Но, секој момент кога вашите очи не се вперени кон багажот е уште една можност за кражба.
Затоа кога минувате низ контролниот пункт, не заборавајте да ги гледате работите што влегуваат во рентген-машината и внимавајте на тие предмети додека поминуваат на другата страна. Покрај тоа, не дозволувајте други патници  да одат пред вас кога вашите предмети треба да влезат во рентген машината. Крадците може намерно да го активираат металниот детектор, со што ќе се создаде гужва и застој, а веќе друг крадец во тие моменти може да ја украде вашата торба и истата да ја снема додека вие поминете низ скенерот.

По минувањето низ контролниот пункт проверете детално
Пред да ги ставите чевлите и ременот повторно, осигурајте се дека имате сè што сте ставиле да помине низ рентген машината. Со овој чекор ќе бидете сигурни дека не сте жртва на кражба на аеродромот. Ако нешто недостасува, веднаш пријавете ја загубата до надлежните органи и аеродромската полиција бидејќи тие можат да помогнат во пронаоѓањето на предметите и да го запрат крадецот.

Не тргнувајте без патничко осигурување
Патничкото осигурување е особено важно кога патувате надвор од државата. Не само што ве штити од трошоци за евентуална неопходна медицинска помош, туку со него го осигурувате и вашиот багаж од кражба кога сте во странство. 

Running sport media | As part of Jordan Brands unveiling of their Summer 2021 lineup, official images of the the Air Jordan 6 "Barely Rose" (Gold Hoops) , Sciaky