Како да се справите со зимскиот замор?

Дали се соочувате со проблемот потешко да станувате наутро кога температурите се намалуваат и кога утрата се потемни? Ако е така, не сте сами. Многу луѓе се соочуваат со замор во текот на зимата.

Што е зимски замор?

Доколку се наоѓате себеси во ситуација за топол и удобен кревет повеќе од вообичаено, обвинете го недостатокот на сонце. Како што стануваат деновите пократки, сонот и циклусите на будење придонесуваат кон замор. Недостатокот на сонце придонесува кон тоа да се лачи повеќе мелатонин – хормон кој ве прави поспани. Тоа е причината зошто и ни се спие порано  навечер, отколку во текот на летото.

Како да се справите со зимскиот замор?

Сонцето е добро за зимскиот замор

Отворете ги завесите или ролетните и дозволете си повеќе светлина во собата во која спиете. Исто така, излезете на природна светлина и поминете време во текот на денот надвор. Дополнително, потрудете се средината во која функционирате да ја направите посветла и проветрена колку повеќе можете.

Наспијте се добро

Кога зимата доаѓа, таа нè тера да преминете во фаза на хибернација, давајќи ни го тоа поспано чувство кое нè тера повеќе да поминуваме во кревет. Но, таквите навики придонесуваат да се чувствуваме побавно и попоспано. Технички, не ни е потребен повеќе сон во текот на зимата повеќе од летниот период. Потрудете се да спиете околу 8 часа во текот на ноќта и држете се до својот распоред. Исто така, потрудете се вашата спална соба да е подобна за спиење, без хаос, со пријатна постелнина.

Вежбајте редовно

Вежбањето можеби е последно нешто на вашиот ум во текот на зимата, но дефинитивно ќе имате повеќе енергија доколку вежбате редовно. Идеално, се препорачуваат 150 минути вежбање во текот на неделата. Вежбањето попладне придонесува за намалување на заморот и подобар сон.

Зимата е добар период за да експериментирате со нови активности. Изберете интересен спорт кој одамна сте сакале да го пробате. Освен тоа што ќе ви помогне во намалување на заморот, вежбањето ќе придонесе за намалување на килограмите наталожени во текот на зимските месеци.

Научете да се опуштите

Се соочува со стрес поради рутината и долгото седење? Најдете начин како да се опуштите после училиште или работа. Изберете медитација, јога, боење, правење накит, филм или нешто што многу ви одговара за да се ослободите од стресот.

Конзумирајте здрава храна

Штом ќе заврши летото, тешко е да се продолжи со конзумирање на здравата храна бидејќи зимата ги носи новогодишните празници кога конзумираме повеќе масна храна. Исто така, во текот на зимските денови имаме поголема потреба за ваква храна и јадеме повеќе леб, месо и компири.

Сепак, добра идеја е почесто да конзумирате зеленчук и овошје, домашно подготвени супи и непреработена храна која значително ќе придонесе во намалување на зимскиот замор. Исто така, обидете се да го намалите внесот на шеќер, кој е голем поттикнувач на поспаноста.