Пред секој почеток на некој натпреварувачки циклус јавноста во Македонија има големи надежи дека повторно ќе се пласираме на некое големо натпреварување и на тој начин ќе донесе радост на илјадниците спортски фанови. Порталот Нетпрес го отвара прашањето околу компетентноста на нашата најбогата федерација ФФМ.
Според нив наместо македонскиот фудбал да напредува на сите нивоа ние уназадуваме. Како дел од причините се споменува политичкото влијание односно односите на Мухамед Сејдини со политичката партија ДУИ. Токму ова влијание се смета дека е можеби најпресудно и во односите во самата репрезентација. Македонската репрезентација не била никогаш потензична во меѓусебните односи, а развојот на фудбалските школи никогаш не бил полош, практично и да не постои.
„Жално е што после толку години, после успех на репрезентативен пласман на Европско првенство, клубски пласман на ФК Вардар во европските натпреварувања и многу други успешни приказни на поединци во големите клубови, ние сеуште дискутираме за политика, за раздор во ФФМ помеѓу одредени играчи и управа и слични нус појави“ се вели во текстот на Нетпрес.
Не треба да се биде експерт за да се види кон каде се движи македонскиот фудбал. Терените кои се финансирани токму од ФФМ се во очајна состојба. Повеќе личат на ниви и змијарници него на терени.
Пример е даден теренот во селото Кравари, Велес. Според инсајдерски информации до кои стигнал Нетпрес во федерацијата и познавачи на работите чинат можеби и половина милион евра пари финансирани од УЕФА за развој, каде што фудбалскиот терен кој личи на змијарник можеби и над 400.000 евра, а соблекувалните во село Кравари близу 50.000 евра.
„Несфатливо е за спортската јавност како се потрошени толкава сума на пари најпрвин за напуштени и неодржувани објекти на ФФМ, практично пари од УЕФА фрлени во ветер, а она што е уште понесфатливо е, дали овие објекти вредат за сумите кои се споменуваат од инсајдерските информации? По се останато, информациите говорат дека фирми блиски до првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини ги изработиле овие проекти, фирми чии челни лица се активно вклучени во работата на ФФМ, а проекти кои чинат многу помалку од доделените средства, за оттука да се покрене прашањето – Дали некој перел пари во ФФМ кои биле финансирани од УЕФА и дали тие пари завршувале во нечии џебови во актуелното раководство на ФФМ?
Имињата на фирмите и одговорните лица во фирмите кои биле дел од актуелното раководство на ФФМ ни ветија дека ќе ни ги испратат дополнително, но доколку ФФМ има малку доблест кон поддржувачката јавност на фудбалот во Македонија изминативе години, треба да ги објасни овие работи, јавно обзнани или можеби демантира доколку не се вакви фактичките состојби“, се вели во текстот.
Од тука повторно се поставува прашањето до каде е развојот на фудбалот во Македонија и како да се мотивираат младите генерации на фудбалери да вложат повеќе од 100% да успеат кога го гледаат овој трул систем на политика и скандали кој се провлекува и во ФФМ?
Инаку, Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, беше осомничен за делење предизборен поткуп во Кичево, во корист на партија на власт, напоследните парлментарни избори. Настанот тогаш беше пријавен во полиција.
„На 7 мај 2024 во 15:10 часот на телефонскиот број 192 добиена е анонимна пријава дека на ул.Раштански пат, ул.Партизански одреди и Влашки пат во Кичево од страна на непознати лица со возила „мерцедес”, „опел мерива” и „ауди” се нуди поткуп од политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти тогаш МВР.