Како да се пронајдеме себеси?

Го поминуваме речиси целиот живот во обид да се пронајдеме себеси и некои луѓе се уште не можат да се пронајдат. И после толку години, ние се уште ќе се прашуваме „Кој/а сум јас?“, иако одговорот може да изостане.

Јас лично се трудам да го одговорам ова прашање пред мојот живот да заврши. Кои се можните грешки кои го одложуваат нашето себе-откривање?

Не сум живеела доволно долго за да ги откријам сите, но сепак научив неколку работи:

1. Сега знам дека една од најголемите грешки е да се обидете да ги исполнувате туѓите очекувања наместо своите, да се грижите што другите мислат, плашејќи се дека ќе ве наречат луди. Не го правете тоа. Не се ограничувајте себеси поради другите. Следете ги вашите соништа, без оглед на тоа дали луѓето ќе се обидат да го омаловажат тоа.

2. Престанете да велите дека не сте доволно добри и почнете да правите работи кои ќе докажат колку добри навистина можете да бидете. Понекогаш потценувањето на сопствените способности е неблагодарно.

3. Научете како да сакате. Со текот на времето сфатив дека љубовта е во центарот на овој универзум. Секое чувство кое го имаме некако е поврзано со љубов, без оглед на тоа дали се работи за страв, амбиција, алчност или мудрост. Дури и омразата на одреден начин е поврзана со љубовта. Ако  не научиме како да се справуваме со љубовта во сите нејзини форми, можеме да изгубиме огромен дел од себеси и од она што сакаме да го дознаеме за нас.

4. Ценете го времето. Постарите луѓе го ценат времето: времињата кога биле здрави и витални за да можат да ги направат сите работи кои сакале да ги направат, да направат грешки и да се премислуваат како што стареат и да се срамат од тоа, затоа што тоа е растењето. Набљудувањето на постарите луѓе може да придонесе да сфатите дека треба да ги правите работите кои ги сакате, бидејќи еден ден може да се каете ако не ги направите.  

5. Научете како да имате доволно храброст за да се борите за работите кои ги сакате. Очекувајте неуспеси и падови, но не дозволувајте да ве спречат.

6. Немојте само да работите, морате да научите и да планирате за иднината. Понекогаш е лесно да се почне, но предизвикот обично лежи во тоа да ги завршите работите што сте ги почнале, особено кога ќе паднете во вртлогот на разочарувањата, грижите, а понекогаш и апатијата. Но, она што ќе ви даде елан е вербата во тоа што го започнувате.

Кога трчате, не сфаќате колку е тешко. Понекогаш не сфаќате дека сте уморни се додека не застанете. Единствената работа која ќе ве држи под контрола и која ќе ве натера да го завршите трчањето е вербата дека трчате кон нешто кое вреди. На крајот од трката, за вас ќе има нешто коешто ќе вреди за секоја капка пот и секоја мака која сте ја имале.

Поминуваме еден цел живот за да откриеме кои сме. Иако не постои план за тоа што треба да направиме, секогаш има знаци на патот кои не насочуваат во правилната насока. Ако обрнете доволно внимание за да ги видите, можеби тоа чувство на изгубеност ќе се намали со текот на времето и искуството.

air max 90 essential sale