Како да се ослободите од несониците предизвикани од летните горештини?

Летото и летните горештини никако не сакаат да попуштат, а со тоа и нашиот сон е се пократок и поплиток. Сите знаеме колку е важно да се биде одморен и наспан за да може да се функционира нормално во текот на денот.

Доколку и вие припаѓате на групата која се мачи со спиењето за време на летните ноќи, прочитајте ги овие совети:

Понесете шише со ладна вода во вашиот кревет

Исто како што во зимските месеци се користи термофор, така и летно време можете да се разладите со обратниот процес. Шишето со вода кое сте го држеле во замрзнувач едноставно ставете го во постелнината пред да си легнете.

Разладете ги пижамите

Сличен трик можете да изведете и со пижамите, ноќниците или со што и да спиете. Ставете го парчето облека со коешто спиете во кеса, потоа ставете ја кесата во замрзнувач и оставете така да седи 15 минути. Резултатите ќе бидат: Инстантно освежување и поголема опуштеност на организмот.

Истуширајте се со ладна вода

Иако ова не е најпријатно искуство, сепак е одличен начин за да се разладите.

Носете исклучиво памучен долен веш

Наместо сатен, свила или полиестер, бирајте памук, бидејќи овој материјал во голема мера и овозможува на кожата да дише.

Воздржете се од алкохол

Иако во пеколните летни вечери самата помисла на ладно пиво ви прави лиги, сепак конзумирањето алкохол за време на пеколните денови и не е толку добра идеја. Алкохолот предизвикува дехидрација на организмот, а како последица се јавува брзо прегрејување на телото.

Ако веќе се одлучите да си го дозволите ова задоволство, тогаш потрудете се да пиете доволно вода помеѓу секоја голтка и гледајте да пиете што порано.

Затемнете ја собата

Ролетните во вашата соба секогаш нека бидат спуштени, а ако немате, затемнете ја некако собата со чаршави за собата да не се прегрее.