Како да се носите со критиките на луѓето?

Ние како луѓе не сме совршени, па така често и правиме работи кои на другите не им се допаѓаат и добиваме критики за тоа. Има позитивни критики од кои учиме, но има и негативни критики кои прават само да се чувствуваме лошо.

Денес ви презентираме една интересна приказна којашто ќе ве замисли и ќе ве поучи како да се носите со критиките на другите луѓе.

Пред две години учествував на еден тренинг одржан од Џек Кенфилд, ко-авторот на филмот „Тајната“. Преку еден пример, тој демонстрираше како и зошто реагираме на критики. Тој и пристапи на една од учесничките и и кажа:

„Имам спроведено многу семинари и предавања, но ова е првпат да видам толку глупава личност помеѓу учесниците.“

Очекувано, тоа ја погоди девојката и таа се вознемири. Но, Џек ја смири со тоа што и кажа дека ова е само вежба. Тогаш повторно ја погледна и рече:„ „Имам спроведено многу семинари и предавања, но ова е првпат да видам девојка со зелена коса помеѓу учесниците.“ Овојпат девојката се насмеа.
Џек ја праша: „Зошто се смееш?“
Девојката одговори: „Затоа што мојата коса не е зелена.“
„Тогаш зошто се вознемири толку првиот пат?“

Критките болат само кога за себе го мислиме тоа што другата личност го кажува. Ако сме самоуверени, тогаш сигурно знаеме дека сме паметни, убави и дарежливи и тогаш што и да кажат другите, ние ќе се чувствуваме добро во врска со себеси.

Луѓето наоѓаат критика во песните, изгледот, шегите и мемињата. Ние често наоѓаме критики каде тие речиси и не постојат.

Па така секогаш кога се чувствувате вознемирени што некој рекол нешто негативно за вас,  едноставно поставете си го себеси ова прашање: „Дали навистина ја имам таа „зелена коса“? И потоа гледајте на критиката како шанса да се развивате и понатаму.