Како да се мотивирате да вежбате?

Сите ги имаме оние денови или недели кога го игнорираме будилникот, се вртиме на другата страна на креветот или пак кога ќе завршиме со работа или училиште и едноставно ги броиме причините да не одиме во теретана. Без оглед на тоа дали вежбате само рекреативно или професионално, ваквите денови се неизбежни.

Но, како да ги надминете и да се мотивирате себеси да вежбате?

Прифатете дека ваквата состојба е нормална

Многу нереално е да мислите дека секојдневно ќе имате иста мотивација и елан. Нивото на мотивација е променлива категорија и тоа зависи од многу различни фактори. Околу тоа не треба да го губите разумот и да се нервирате, туку да ја прифатите таквата состојба. Хроничните и долги периоди носат пад на мотивацијата и тие навистина треба да ве загрижат, но кратките или пак деновите во кои не ви се вежба премногу се природна работа. Обидете се да се натерате да одите да вежбате или да си ветите себеси дека ќе го прескокнете тренингот за утршениот ден.

Минувајте време со луѓе со слични фитнес цели како вашите

Експертите истакнуваат дека нашето однесување во голема мера зависи и од луѓето со кои се дружиме. Ако оваа теорија ви звучи логично, потрудете се да минувате време со луѓе кои се слични на вас во однос на позитивните цели и кои ќе ве мотивираат да бидете активни.

Поставете си дневни и неделни цели и задачи

Доволно е да си поставите предизвици, бидејќи вежбањето најдобро се реализира преку предизвиците. Поставете си дневни цели, но и неделни. Трудете се да го следите прогресот и да бидете задоволни со тоа што сте го постигнале.

Наспијте се добро

Да се биде уморен е навистина лоша работа, бидејќи тоа прави да се чувствуваме како да не можеме да направиме ништо. Ни недостасува енергија, концентрација и фокус. Тоа дополнително прави да бидеме иритирани и нервозни. Често мислиме дека спиењето е преценето, но потрудете се да направите разлика какви сте кога сте и кога не сте наспани.