Како да се изборите против здодевните бубачки-смрдливки во вашиот дом?

Бубачките-смрдливки се чини како да се појавуваат од никаде, а ги има преку целата година, дури и во најладните зимски месеци. 

Тие можат да бидат многу здодевни, особено поради тоа што може да се појават дури и кога на неколку секунди сте отвориле прозорец или врата од тераса. 

Со оглед на тоа дека потекнува од потопли региони, оваа бубачка во ладните месеци бара топло место да се вовлече, а најчесто тие места се нашите домови. Овие бубачки додека летаат шират ужасен мирис, а зуењето може да биде навистина непријатно. Најлошо е што дури ни инсектицидите не се многу ефикасни против нив. 

Неколку од решенијата кои можат да го намалат нивното присуство дома се користење на заштитни мрежи на прозорците, а друго практично решение е да чувате нане, бидејќи не го поднесуваат тој мирис. Не чувајте отворена храна надвор од фрижидер. Секогаш прегледајте ја облеката која се суши надвор, бидејќи лесно може да се вовлечат во неа. Изгаснете ги надворешните светилки, за да спречите да влезат секогаш кгоа ќе ја отворат вратата.

Најдобро е откако ќе ги фатите да ги исфрлите надвор, а да не ги убивате, бидејќи лошиот мирис кој се ослободува тешко ќе го измиете од рацете.