Како да сакате Бик?

Претставниците на овој знак се родени во периодот 20 април-20 мај и тие се познати по тоа што се одговорни и лојални и кои лесно ги завршуваат работите. Ја знаете песната „Modern Love?” Веројатно таа песна е направена за Биковите.

Кога избирате место за состанок со претставниците на овој знак, одберете место со добра храна. Тие обожаваат фини и културни места со добра храна и вино или пак точено пиво. Биковите многу често се и уметнички типови на луѓе, така што веројатно би посакале и местото да изгледа фино и да ги инспирира.

Биковите понекогаш можат да бидат тешки луѓе поради својата тврдоглавост, но треба да знаете дека за разлика од останатите тврдоглави претставници на хороскопот, тие тоа не го прават намерно. Тоа едноставно е дел од нивната личност, тие не можат поинаку. Затоа, многу често  со нив можат да се јават проблеми кои брзо ќе ги решите, бидејќи тие не држат многу бес во себе.

Веројатно добро е да донесете и цвеќе кога сакате да ги насмеете. Тие обожаваат цвеќе или пак други мали подароци, бидејќи сакаат такво внимание и ги обожаваат изненадувањата.

Со оглед на тоа дека тие се луѓе кои ја обожаваат работата и се инволвираат во голем број проекти, за да ве засакаат – обрнете внимание за тоа што го работат и покажете интерес за тоа. Прашајте ги како поминал нивниот ден и сослушајте ги ако имале ситуација која сакаат да ја раскажат со вас. Тие тешко се отвораат, и затоа многу подобро е ако самите ги прашате и им поставувате прашања во текот на разговорот.

Понекогаш делуваат многу затворено, но тие се многу романтични души. Сепак, треба да знаете дека не се идеалисти и безнадежни романтичари, туку реалистични во однос на тоа. Тие не ги кријат своите чувства, само понекогаш им е тешко да ги извадат на површината. Не очекувајте дека ќе водат многу детален разговор во однос на тоа, но штом ве засакаат, ќе го знаете тоа и тие ќе ви покажат.