„Како да сака да ме гушне“ - Џамбазов сподели емотивна фотографија за татко си

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов минатата недела се прости од својот татко, легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов кој почина на 85-годишна возраст, а сега со емотивна фотографија се потсети на, како што вели, стариот негов.

 „Стариот мој… како да сака да ме гушне…“, напиша во описот Џамбазов на фотографијата направена на Комеморацијата.