Како да раскинете без навреди и лоши зборови?

Раскинувањата можат да бидат навистина непријатни, особено кога станува збор за раскинување поради неверство. Овие раскинувања најверојатно не можат сосема да бидат ослободени од драми, но во останатите случаи, раскинувањето може да биде помалку стресно. Еве како да се погрижите за тоа раскинувањето да не се претвори во огромна драма.

Оставете го егото на страна

Кога некој ќе ви каже дека повеќе не ве сака, тешко е сосема да се исклучи егото, но токму тоа е првиот чекор кон квалитетно раскинување. Ако успеете да го скротите егото кое често дивее во време на раскинувањето, ќе успеете да скротите уште многу други реакции кои би можеле да се случат токму поради егото.

Треба да си дадете време

Без оглед на тоа дали раскинувањето било одеднаш или очекувано, самиот процес секогаш не фаќа неподготвени. Во такви ситуации многу често се појавуваат неочекувани чувства, а чувствата во комбинација со премногу информации може да предизвикаат многу драми. Раскинувањето не е спринт, особено ако сакате да избегнете лоши зборови.

Прифатете го својот дел од вината

Ова не значи дека морате да признаете дека баш се е ваша вина, но големи се шансите да имате мал удел во сето тоа. Ако го направите тоа, полесно ќе прифатите дека вашите бивши партнери не се чудовишта кои сакаат да ви го уништат животот.

Имајте предвид  дека секој има право да раскине

Нормално е да се лутите ако некој ве остава, но замислете што би се случило доколку ги замените улогите: дали би сакале некој вам да ви го оспорува правото да раскинете? Колку и да е болно, мораме да им дозволиме на луѓето да ја раскинат врската доколку истата повеќе не им одговара.