Како да проверите дали имате евтина струја од 14 до 16 часот?

Се прашувате дали имате евтина струја во попладневните часови? На многу лесен начин можете да дознаете.

Едноставно погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.

Инаку евтина струја домаќинствата имаат и после 22 часот.