Како да процените вашиот живот е подобар од претходната година?

Некогаш го живееме животот и иако од ден на ден ништо не се менува, сепак кога ќе помислиме на претходната година, изгледа како некои работи да се случувале пред 10 години. Во таква ситуација, знаеме дека сме се промениле благодарение на нештата кои ни се случиле. Но, како да знаеме дали сме сменети на подобро?

  • Можете да реагирате посмирено на ситуациите кои претходно ве вознемируваа. Вашиот прв одговор не ве тера да се чувствувате повредени или да врескате од нервоза.
  • Покомфорно се чувствувате во однос на повеќе нешта во вашиот живот, иако голем дел од нештата не се воопшто сменети.
  • Се чувствувате поценето на вашето работно место.
  • Заработувате повеќе.
  • Ако не заработувате повеќе, учите како подобро да управувате со своите пари.
  • Вашата група на пријатели не е преголема, но е богата со луѓе кои ве сакаат и кои ги сакате.
  • Токсичните луѓе веќе не се дел од вашиот живот.
  • Поминувате повеќе време со своите родители.
  • Имате помалку мамурлаци од алкохол.
  • Подобро управувате со вашето време во текот на денот.
  • Научивте да бидете погрижливи за луѓето кои се грижат за вас.
  • Вежбате повеќе и веќе уживате повеќе во тоа од вечерните излегувања.