Како да приготвам Цезар салата?

Една од најнарачуваните салати во последно време, особено кај понежниот пол.  Многу пати досега сте уживале во Цезар салата во некој од рестораните во Скопје, сакате да приготвите вкусна салата дома? Еве го рецептот за највкусна Цезар салата.

Подготовка:

Исецкајте ја зелената салата и сервирајте во длабока чинија. Пилешкото филе исечете го на коцки и ставете во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, извадете го на чинија и го оставете да се олади.

Лебот го исецкајте го на коцки и него го стваете го во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешајте и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб извадетеги на чинија и оставете да се оладат. Краставицата и доматот исецкани на коцки ставете ги во садот. Во садот додадете го испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешувате и додадете ги врз зелената салата.

Мајонезот го ставете го во подлабок сад. Во садот ги додадете го оцетот, благата павлака и коњакот.  Зачинете со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешајте за состојките да се изедначат. Со сосот прелијте ја салатата. На крајот декорирајте со малку исечкан магдонос.

Состојки:

• 80 грама Зелена салат

• 100 грама Мајонез

• 60 грама Пилешко

• 1 кришка леб

• 20 грама Краставица

• 30 грама Домат

• 30 грама Блага павлака

• 20 милилитри Brandy

• Црн пипер

• зачин

• Магдонос

•  Оцет

•  Маслиново масло