Како да препознаете психопат меѓу луѓето околу вас?

Психопатите и социопатите изгледаат како и сите други личности, а шансите дека постојат вакви личности околу вас се многу големи. Но, потребни се неколку мали вештини за да успеете да ги препознаете овие луѓе.

За почеток, треба да се ослободиме од тоа што нè учи телевизијата и филмовите. Психопатите не се опасни личности кои се веќе во затвор или кои се подготвени на сè. Голем дел од нив возат убави автомобили, имаат многу пријатели и веќе функционираат нормално околу нас.

Но, како да ги препознаете?

Тие се шармантни.

Немојте да мислите дека нивниот шарм оди рака под рака со нивната самодоверба. Нивниот шарм е конкретно насочен кон целта, а тие се експерти за тоа како да направат да се чувствувате посебно. Психопатите се како камелеони кои се однесуваат согласно на различните потреби на секоја личност.

Тие се обидуваат да создадат негативни реакции.

Целта на овие луѓе е да креираат хаос, а потоа да се однесуваат невино, објаснувајќи ви дека вие сте луди поради начинот на кој сте реагирале. Тие ќе ве провоцираат, а потоа ќе се однесуваат на тој начин што ќе ви кажат дека не им е јасно како повторно зборувате за истата работа.

На работното месо, тие ќе се однесуваат калкулирано, за да ги свртат другите луѓе против вас и да го уништат вашиот кредибилитет. Во врската, ќе се обидат да користат аргументи против вас и да ве провоцираат, а потоа ќе се однесуваат изненадено поради начинот на којшто реагирате.

Постојано ги фаќате во лага, без некаков јасен мотив

Тие постојано ја менуват вистината обидувајќи се ја претворат во подобра приказна, дури и кога немаат причина за тоа. Психопатите се навикнати да го менуваат својот карактер и приказните и да ги модифицираат согласно на нивното однесување.

Ако некогаш се најдете во ситуација да не верувате во нивните лаги или пак се обидете да ја проверите нивната вистиност, тие веднаш ќе реагираат дека сте параноични и дека претерано ги анализирате работите.

За нив не постои срам или вина

Нормалните луѓе реагираат на поинаков начин од психопатите, кога ќе повредат некого. Психопатите уживаат да ги повредуваат другите. Тоа е и  причината зошто го прават тоа. Единствениот пат кога тие ќе ви се извинат искрено во лице е моментот кога сè уште им требате. Доколку се сомневате дека имате ваква личност во вашиот живот, обидете се да ја забележите нејзината реакција следниот пат кога ќе направи некаква грешка.

Тие прават обид да ги свртат луѓето еден против друг

Кога ќе запознаете психопат, ќе забележите дека ќе почнете да ги мразите  и луѓето кои не сте ги сретнале. Тие постојано зборуваат за другите луѓе, правејќи ги луѓето да се однесуваат сомничаво и љубоморно. Но, тие тоа го прават без никаква вина, користејќи тажни приказни за да влијаат на вашата перцепција.

Тие прават да се сомневате во себе

Ова бара и анализа на вашето однесување и забележување, бидејќи кога овие личности се дел од вашиот живот, постојано ќе се сомневате во себе и својата вредност. Со овие луѓе, вие секогаш сте лошата личност. Дури и тогаш кога ќе се обидат да ве изневерат, манипулираат и крадат од вас – вие сте проблемот.

Што да направите?

За да донесете финална одлука дали некоја личност е психопат, треба да знаете дека нормалната и здрава личност секогаш ќе се обиде да ве крене, да седне со вас и да ги реши проблемите и никогаш нема да ве нарече љубоморни, луди или дека премногу барате. Нормалната личност ќе ви создаде позитивно чувство и ќе направат да се чувствувате сакано.