Како да препознаете дека ви недостасува железо?

Причините за недостаток на железо во нашиот организам често се поврзани со неадекватна исхрана, болести на цревата а често недостатокот на железо се јавува и кај трудниците во текот на бременоста и за нив предизвикува зголемено крварење.

Симптомите кои можат да укажат на тоа дека имаме недостаток на железо се контанстен замор, бледило на лицето, губење на здивот, главоболка и вртоглавици, забрзано чукање на срцето, сува и оштетена кожа и коса, отекување и болка во крајниците и устата, синдром на немирни нозе (постојано цупкање со нозете), анксиозност, болни менструации кај жените и студени стопала и раце.

Ако ги чувствувате овие симптоми, тоа што треба прво да направите е да посетите лекар и да направите крвна слика.

За да го надминете ваквиот недостаток, важно е да го снабдувате телото со овој минерал, па затоа се препорачува редовно конзумирање на црвено месо, зелен зеленчук (спанаќ и ќељ), суво овошје, мешункаст зеленчук, морски плодови, земки, житарици и овошје богато со витамин Ц.

Докажано е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, па така докторите препорачуваат редовно земање на овој витамин како додаток во исхраната.