Како да препознаете дека сте заглавени во врска која не и е важна на другата страна?

Една просечна личност во врската ќе најде стотина начини за да ги оправда лошите постапки на другата личност, особено доколку таа вложува многу и не е во состојба да го види вистинското лице на другата страна.

Но, како да препознаете дека сте во таква врска, ако не сте во состојба реално да пресудите што се случува, поради заљубеноста. Прочитајте дали се пронаоѓате во нешто од ова.

Имате чувство дека сите нешта ги правите сами

Без оглед на тоа дали станува збор за планирање, домашни работи или пак труд околу самата врска, имате чувство дека сите нешта ги правите сами. Ако го имате тоа чувство, тогаш тоа е веорјатно така и покрај негирањето од другата страна.

Кај другата страна функционираат само ултиматуми

Ако им е потребен ултиматум за да направат нешто, тогаш вашата врска дефинитивно не е поставена на здрави нозе. Другата личност треба да се потруди да се вложи себеси во врската, без да мора да биде воведена во ситуација каде ќе се исплаши дека ќе си заминете.

Често се прашувате дали тие воопшто ве слушаат?

Доколку си го поставувате ова прашање, тогаш тие веројатно не ве слушаат. Кога сме со личност со која сакаме да бидеме и за која се грижиме, тогаш е нормално да направиме напор да ја ислушаме и и дадеме поддршка.

Се сложуваат со вас само за да престанете со дискусијата

Започнувате дискусија која трае и во која имате различни ставови. Тие одеднаш се согласуваат со вас или едноставно си заминуваат без да сакаат да ја продолжат дискусијата, бидејќи велат дека им е мачно да разговараат за тоа.

Се чувствувате како нешто да не е во ред со вас

Ова е класичен симптом на секоја еднострана врска во која само едната личност се труди. Во најголем дел од ситуациите, воопшто не е проблемот во вас, туку во другата личност.