Како да препознаете дека сте ја пронашле вашата сродна душа?

Вистинските сродни души се наше огледало. Нивното присуство во нашиот живот го менува сето она што сме мислеле дека го знаеме и сакаме. Ова се знаците кои укажуваат на тоа дека сте ја пронашле вашата сродна душа:

Препознавате нешто познато кога ќе ги погледнете во очи

И тоа е нешто што не можете да го дефинирате, но тоа не можете да го видите во другите.

Сте се разделиле – веројатно непредвидливо и неочекувано

Сродните души ретко живеат „среќно до крајот на своите животи“, без оглед на тоа што ни кажуваат филмовите и книгите. Средбата на две сродни души често е премногу интензивна и затоа две сродни души често мора да се разделат на некое време. Сепак, ќе си го пронајдете патот.

Заради нив сте се промениле на подобро

Луѓето за кои најмногу се врзуваме реално најмногу влијаат на нас. Нивното присуство во нашиот живот нѐ менува речиси од корен. 

Имате чувство како да се знаете од претходно.

А можеби и сте се знаеле во некој претходен живот. 

Или барем имате некакво внатрешно чувство кое ви велело дека во вашиот живот ќе се појави некој кој ќе ви биде многу важен

Интуицијата никогаш не лаже.

Го чувствувате она што и тие го чувствуваат

Знаете кога нешто не е во ред. Можете да го почувствувате она што и тие го мислат и чувствуваат, дури и кога не се покрај вас. 

Чувствувате неверојатна хемија која се разликува од сѐ што дотогаш сте доживеале

Никогаш порано не сте чувствувале ваква магнетна привлечност и хемија. Сѐ е полесно, разговарате со часови, заборавате дека постои светот додека сте заедно.