Како да препознаете дали лебот е навистина црн или е обоен

Tемната боја не е показател за квалитетот на лебот, тоа често е само вештачка боја. Најздрав е најтврдиот и најжилавиот леб.

Навистина, многу пекари почнаа во последно време да произведуваат вистински здрав, тежок црн леб со 95% ржано или брашно од јачмен, но на рафтовите во продавниците се уште може да се најдат векни кои се црни само поради додавање на вештачки бои.

Недоволно информираниот купувач лесно може да биде измамен, бидејќи помеѓу вистинскиот и лажниот црн леб често и нема голема разлика во цената.

Пекарот има право да направи леб каков што сака но тоа мора да биде адекватно напишано на неговата амбалажа во составот на производот.

Сите лебови треба да бидат спакувани и да имаат декларација. Но на многу од нив не стојат проценти.

Ако е лебот ржан, тогаш треба да биде јасно истакнато колку проценти ржано брашно има во него.

Ова се неколку начини како да утврдте дали лебот што го купувате ја има вистинската содржина:

1.Особини на вистински црн леб:

-тврд, збиен и има блага влажност

-има благ мирис на трици

-средината има погруби пори

-никако неможе да биде еласичен и мек

2. Леб од трици

-треба да има најмалку 7% трици во него

-се прпепорачува на луѓе кои имаат проблем со варење на храна

-полн е со диетски влакна и ја поттикнува работата на цревата

-добар е за трудници, бидејќи содржи третина од потребите за фолна киселина

3.Бел леб

-овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол 

-откако ќе изедеме едно прче бел леб, шеќерот во крвта нагло расте па паѓа и чувството на ситос трае кратко

4.Интегрален леб

-интегралниот леб е бел леб кој е помешан со брашно од други житарици

-има малку повеќе влакна, витамин и минерали од белиот леб

-не е здрав како црниот леб

5.Ржан леб

-има повеќе од 20% пченично брашно и тоа мора да стои на декларацијата

-мешаниот ржан леб треба да има 30% ржано брашно

-содржи многу витамини, минерали и богат е со влакна, лесно се вари

-создава долготрајно чувство на ситост

-добар е за диета

6.Леб со овесни снегулки

-содржи најмалку 15% овесни снегулки

7.Млечен леб

-најмалку 50% од водата да биде заменета со млеко

8.Леб со суво грозје

-најмалку 10% суво грозје

9.Леб со пордолжена свежина

-треба да трае најмалку пет дена

10. Леб со пченични никулци

-да содржи најмалку 10% пченични никулци