Како да подготвите зимница од кисели пиперки?

Нив можете да ги јадете како салата, да ги извадите на трпезата како мезе или од нив да подготвите некој вкусен ручек.

Потребни состојки за 3kg зимница:

1l 9% алкохолен оцет

3l вода

2dl масло

1 голема лажица сол

1 голема лажица шеќер

Бибер во зрна

Лук

Магдонос по желба

Подготовка:

Пиперките добро исчистете ги, отстранете ги семките и избодете ги со чепкалка.

Во голем сад измешајте ги сите состојки за подготовка на течноста, освен лукот и биберот. Течноста треба да врие и во неа да ставате по 8 до 10 пиперки и да ги оставате да вријат по 2 до 3 минути.

На дното на теглите исечкајте го лукот и ставете по неколку зрна бибер. На нив ставете ги пиперките кои вриеле во водата.

Ставете нови пиперки во водата.

Повторувајте ја постапката додека не ги сварите сите пиперки и ги ставите во теглите. Наполнете ги теглите со водата во која сте ги вриеле, добро затворете ги теглите.

Оставете ги да стојат најмалку 7 до 10 дена и потоа можете да ги консумирате