Како да останете мирни во конфликтни ситуации?

Расправиите се составен дел од животот и сосема е нормално понекогаш да се најдеме во конфликтна ситуација.

Со оглед на тоа дека никој не е во состојба да ги контролира реакциите на другите луѓе, мораме да почнеме од себе и да научиме како да останеме мирни дури и кога тоа се чини невозможно. Иако понекогаш и некои хормони предизвикуваат да се препуштиме на ситуацијата и да продолжиме да се расправаме, добрата вест е дека постојат начини како тоа да се спречи.

Застанете и дишете

Кога длабоко вдишувате, дозволувате вашиот нервен систем да се смири. Состојбата на мир и опуштеност прави да размислувате порационално.

Сослушајте ги другите

Комуникацијата ни помага да ги избегнеме недоразбирањата. Способноста да ги слушаме другите ни овозможувате да избегнеме носење на избрзани заклучоци и судови. Затоа, секогаш обидувајте се да го разберете мислењето на соговорникот, а во случај на конфликти, дајте сè од себе за да најдете компромис. 

Бидете искрени

Бидете искрени кон другата страна и кажете што ве мачи. Доколку ги изнесете работите кои ви пречат ќе избегнете поголеми конфликти. 

Намалете го тонот

Обидете се во такви ситуации да не викате, затоа што само дополнително ќе создаде тензија. 

Согледајте ја ситуацијата од сите агли

Не се занесувајте премногу, туку застанете и согледајте ја ситуацијата од друга перспектива. Можеби ќе сфатите дека и вие малку грешите.

Запомнете, најважно е да останете мирни во вакви ситуации, дури и кога другите ве провоцираат да продолжите со расправата, затоа што со продолжување на истото, си штетите највеќе на себеси.