Позната ликовна уметница Инес Ѓорѓиевска со фејсуб статус за Скопје, поточно за најурбаната општина Центар, со кој многумина се согласија.
Еве што порача таа „сликовито“ за средината во која живее:
- Штом патувам надвор од Скопје, сфаќам дека кога сум дома секое излегување воглавно ми се состои од ментален и физички напор како да не згазам во фесец или како да не ме згази кола додека пробувам да најдам тротоар што не е окупиран или што „не го предвиделе“ кога давале дозволи да се гради кај се стигне.
Инаку, иронично, со години живеам во „најурбаната“ општина Центар.