Не ви се потребни бањи, ниту пак скапи третмани. Можете да примените неколку едноставни начини, кои ќе ви овозможат детоксикација на вашето тело, но и подобро расположение и енергија.

Намалете го шеќерот

Детоксикацијата е особено важна во текот на телото бидејќи телото често дехидрира поради високите температури, а таа е и полесна да се примени со оглед на тоа дека храната е поинаква во овие месеци. Според многу експерти, првиот чекој кој треба да го преземете е да го намалите количеството на шеќер кој го конзумирате. Тоа вклучува и мед, кафеав шеќер и други вештачки засладувачи.

Тоа е така бидејќи кога конзумирате повеќе шеќер, му барате на вашето тело повеќе инсулин, што го изморува вашиот пакреас, а и ви ја одзема енергијата. На тој начин, ваквата навика може на долг рок да ве направи хронично уморни, да придонесе кон развивање на рак и да предизвика прекумерна тежина.

Започнете со водата

Редовното пиење вода е една од најдобрите навики кои можете да ги примените во своето секојдневие. Особено доколку додадете малку лимон во водата која ја пиете наутро, тоа ќе ја поттикне детоксификацијата и ќе го рехидрира вашиот систем. Тоа ќе придонесе и за подобро варење.

Раздвижете се

Редовното вежбање придонесува за подобра циркулација во крвта и лимфниот систем. На тој начин, се намалува тензијата, се подобрува варењето и се зајакнува телото. Експертите додаваат дека оние луѓе кои вежбаат имаат значително помалку токсини во своето тело од оние кои воопшто не се активни.

Пијте многу чај

Иако пиењето чај е многу ретка навика на овие простори, сепак ви препорачуваме оладен чај особено доколку е од билки. Чајот го спречува прејадувањето, а и го чисти нашето тело од отрови и штетни материи. Треба исто така да знаете дека кофеинот во чајот е подобар од оној во кафето, бидејќи има подобар ефект на нашето тело.

Јадете органска храна

Потребно е да размислите што јадете и што внесувате во своето тело. Исхраната која е богата со овошје и зеленчук придонесува за сериозна детоксификација на телото. Дополнително таа треба да вклучува семки и јаткасти плодови, но и зелен зеленчук и цели зрна. Избегнувајте ја преработената храна која само го поттикнува собирањето на токсините во телото.

Испотете се во сауна

Не постои ништо подобро за телото од детоксификацијата предизвикана од сауна. Сепак, внимавајте за хигиената во сауните и изберете место кадешто се чувствувате пријатно и чисто.