Како да ја сакаш жената која вели дека не и е потребен маж...

Јас можам да направам се сама. Навистина сум среќна со тоа како излезе мојот живот. Благословена сум со прекрасни пријатели со кои го поминувам моето слободно време и имам прекрасно семејство и роднини кои ме поддржуваат во се.

Не ми требаш ти. Не ми треба маж.

Но, те посакувам. Посакувам партнер.

Сакам да бидам заљубена и да имам некој со кого одам на прошетки, некој со кого ќе гледам филмови и ќе водам љубов.

Од моето искуство, на мажот му е потребно да биде потребен. Ако бараш некоја која ќе ти кима со главата на сите побарувања, да се смее на сите твои шеги, која не знае како да смени светилка, бега од конфронтација и ти го гали егото, тогаш сврти се и оди во спротивната насока, затоа што јас не сум таква девојка.

Ако ја читаш оваа реченица, тогаш се уште си заинтригиран. Сигурно сакаш да знаеш: Како да сакаш жена која вели дека не и е потребен маж, а сепак да го добиваш тоа што го сакаш од врската? Како да се сакаме, а да ги почитуваме сопствените потреби?

Јас ги немам сите одговори, но можам да ти помогнам да сфатиш што и треба на жената која вели дека не и потребен маж.

Не се бори со мене, ослободи ме

Јас имам потреби во врската, но најважната е да се чувствувам слободно. Морам да се чувствувам како се уште да сум јас, независна и моќна. Морам да знам дека можам да ја исчистам гаражата, да го фрлам ѓубрето и слични работи без да се чувствуваш дека ти ја повредувам машкоста.

Имав еден дечко кој не можеше да го поднесе тоа што јас ги правев „машките“ работи во куќата. На крај врската стана натпревар. Тој се чувствуваше лошо и мислеше дека не ги исполнува своите обврски како маж, затоа што јас ги правев работите кои секако со години ги правев сама.  Она што тој не можеше да го прифати е тоа дека јас овие работи ги правев затоа што немав друг избор, затоа што сум немала никој да ми помогне, а и да сум имала, немало да биде важно, затоа што и јас самата уживам во нив.

Се надевам дека сфаќаш дека не сакам да те контролирам, едноставно тоа е дел од мене и нешто што сакам да го правам. Пред да се одлучиш да ме сакаш, најважно е да ме прифатиш таква какв што сум, затоа што можам да ти гарантирам дека никогаш нема да се променам.

Мислам дека силниот маж, нема потреба да прави „машки“ работи само за да докаже дека е маж, затоа што е сигурен во себеси, над тестостеронот и тестисите. Како и да е, врските се вртат околу компромис, па така, ако навистина сакаш да го фрлиш ѓубрето, ќе се договориме. Ќе ја делиме одговорноста. Тоа е нешто што можам да го направам.

Биди алфа мажјак во спалната соба

Дали си ја забележал популарноста на „50 нијанси сиво“? Дали знаеш зошто е тоа така?

Жените сакаат да бидат контролирани, барем во тој дел од животот. Сакаат да бидат земени во прегратка и сакаат мажот да ја преземе контролата. Силните жени мораат постојано да бидат цврсти и да имаат контрола во текот на денот, па овој дел од нивниот живот е дел каде можат конечно да се опуштат и да дозволат некој друг да носи одлуки и да заповедува.

Не се мачи да ме сака, ако не ме прифаќаш таква каква што сум

Да се разбереме: Никогаш нема да замолчам. Нема шанси некој да ме замолчи. Сакам да зборувам за се и да се соочувам со проблемите. Јас нема да бидам пасивна.  Нема да се предадам. Сакам решенија. Јас сум жестока и интензивна. Ако ме сакаш, мора да бидеш подготвен за тој предизвик.

Друга работа, кога сум во врска, мојот дечко мора да биде рамноправен, човек кој нема да се скрши и избега под притисок.

Јас те бирам тебе, а тоа значи дека сакам да зборувам, да се расправам и да дебатирам со тебе, затоа што искрено сакам да те сфатам и да ја градам нашата врска. Те молам запамти го ова.

Не се откажувај од мене

Под целиот тој феминистички оклоп, се наоѓа едно многу чувствително суштество кое сака да биде сакано исто како и сите останати. Можеби ќе велам дека не ми требаш, но ми требаш. Ми треба сведок за овој мој живот, некој со кого ќе делам и среќа и тага. Ми треба топла прегратка на крајот од денот и уво кое сака да ме сослуша. Под целиот оклоп на независност постои дете кое сака да биде видено и слушнато.

Те молам не се откажувај од мене. Ако не се откажеш, ќе те пуштам да влезеш во мојот живот и со текот на времето, ќе почнам да те пуштам да ги правиш работите кои јас сум се научила да ги правам сама.

Безбедно е да те оставам да ме сакаш, затоа што те сакам толку многу што можеби, само можеби ќе признаам дека постојат многу работи на овој свет кои ги посакувам, но постои само една работа која ми е потребна, а тоа е сопатник, партнер, најдобар другар и надежно, еден ден, тоа можеш да бидеш ти.