Како да ја решите прераната ејакулација?

1. Започни, па запри

Најприродниот начин за да се спречи предвремено завршување на сексот е правење на паузи. Ако успеете да пронајдете т.н. „средно ниво на возбудување“, ќе бидете во состојба повторно да се вратите во акцијата која ќе трае подолго.

Сепак, постојат мажи на кои оваа метода не им се допаѓа многу, бидејќи според нив, ја убива целата забава која сексот ја носи.

2. Обидете се со методот на „притискање“

Оваа техника се користи многу често за одложување на „среќниот крај“. Пред мажот да дојде до точка кога е подготвен да ејакулира, нежно стегнете го врвот на пенисот меѓу палецот и показалецот. Ова ќе доведе до намалување на ерекцијата и ќе ви даде уште време за да уживате со љубовникот.

3. Одвлечете си го вниманието

Момци, знаеме дека никој не сака да размислува за фудбал додека е во кревет со својата сакана, но ова би можело да биде корисен метод за да си ги одвлечете мислите од возбудата и да издржите уште некоја минута подолго. Всушност, станува збор за еден од првите совети кои сексуалните терапевти им ги даваат на пациентите кои имаат проблем со прерана ејакулација.