Како да ја препознаеме вистинската љубов во нашите животи?

Вистинската љубов не е бајка.

Вистинската љубов не е составена само од убави зборови и бакнежи. Таа не е составена само од љубовни песни, убави рефрени и виножита. Таа не е онаква каква што филмовите и книгите се обидуваат да ни ја прикажат. Таа е повеќе од тоа.

Кога се вљубувате во вистинската личности не значи дека тогаш немате проблеми, туку дека можете лесно да ги надминете таквите проблеми со љубов и компромис. Таа не значи само навика, туку и поддршка и разбирање. Таа е како качување по планина. Како преживување бура.

Вистинската љубов не значи дека немате проблеми, туку дека по проблемите и бурите сте посилни. Таа значи дека не можете да живеете еден без друг. Таа е битка еден за друг и постојан тест на љубовта. Таа е поплава и грмотевица, таа е и потреба да бидете сами по некогаш и солзи и среќа и воопшто не е лесна. Вистинската љубов не е лесна, бидејќи не се грижите само за себе туку и за другата личност која е целиот ваш свет. Се носите со нејзината болка, нејзините проблеми, се борите со неа.

Ако не е тешко понекогаш, тоа не е вистинска љубов.

Таа значи заедничко качување по угорници, заедничко преживување на бурата. Таа значи сонце после дожд и држење за рака во најтешките моменти. Вистинската љубов бара борба со тешките работи. Со она што го носи животот, со времето. Таа значи и заедничка борба против заедничките демони и чудовишта.

Без оглед на целиот стрес, без оглед на сите проблеми. Љубовта која преживува е онаа вистинската. Понекогаш треба време за да се погледнете во очи и да се насмевнете, но вистинска е онаа љубов која не си заминува од вашето срце. Таа е онаа која ве потсетува дека сите бури ве прават посилни.

Вистинската љубов значи победа. На сите битки, војни, бури. Таа е победа на тешките времиња и славење на убавите моменти и времиња, кои ја прават уште помоќна и посилна.

Вистинската љубов е вечна.