Како да ја подобрите вашата ерекција

„Можеби” ќе дојде време кога ерекциите, кои биле чести ќе започнат да „заронуваат”. Можеби ова веќе ви се случило. Нема потреба од грижа, ова е чест проблем кај мажите. Ако не сте разговарале со вашиот доктор време е тоа да го направите. Ако сакате да дознаете повеќе за здравјето на пенисот, докторот ќе ви направи „упатство”.

Но за почеток еве некои работи кои треба да ги знаете. Ерекцијата е физиолошка појава кај мажите со сложен однос на физиолошки, нервни, васкуларни и ендокрини фактори. Постојат три видови на ерекција. Првата е предизивикана од сексуален стимуланс или ерекција предизвикана од физички контакт.

Втората е предизвикана од сексуално надразнување како на пример визуелно или звучно, честопати едноставна имагинација. Третиот е таканаречената ноќна ерекција која доаѓа кога спиете и тоа кога сте во длабока РЕМ фаза. Интересно е што, иако овој тип може да биде извор на срам за некои, утринската слава е често знак на здрав и „среќен” пенис.

Покрај трите видови на ерекција постојат и три фази. Првата фаза е стимулот, втората е кога на сцена настапува парасимпатичната поделба на автономниот нервен систем предизвикувајќи зголемување на нивото на азотен оксид кој има улога на дилататор на крвните садови, тука артериите се шират додека истовремено се компресираат мускулите и последната фаза кога пенисот се враќа во нормална големина.

Најчеста причина за еректилна дисфункција е стресот, вознемиреноста и депресијата. После овие психолошки состојби како следна причина за дисфункција се наведува проблем со самата анатомија на органот. Начинот на живеење во голема мера може да помогне или наштети на функцијата на органот.

На пример пушењето му штети на органот бидејќи токсините од цигарите ги оштетуваат крвните садови на пенисот. Скромна количина алкохол може да помогне во релаксирање и олабавување на инхибициите, додека премногу алкохол се поврзува со потешкотии при добивање ерекција. Исто така аеробикот кој помага во одржување на здравјето на крвните садови помага при подобрување на ерекцијата. Но не заборавајте дека најдобра помош ќе добиете доколку се обратите кај стручно лице-доктор.