Како да ја победите настинката за само 3 часа?

Во нашата земја се верува дека лукот и ракијата лекуваат се. И најверојтано тоа е точно, барем, кога станува збор за лукот.

Ова го потврдија и светските научници. Истражувањето чии резултати се објавени во магазинот „Journal of Nutrition“ покажа дека консумирањето на оброци со пет грама сиров и сецкан лук, односно две чешниња лук, драстично брзо, дури за само три часа, ги активира гените кои се вклучени во производството на бели крвни зрнца, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем на човекот.

Научниците не можат со сигурност да потврдат дека лукот кој ги активира овие гени така брзо ќе ве ослободи од настинката, но претходните истражувања ја потврдуваат таа претпоставка. Испитаниците кои јаделе лук, поретко се разболувале, а симптомите на настинка побрзо им поминувале отколку на оние кои не јаделе лук.

Тоа е така, велат, поради селенот, некои ензими и витаминот Ц во белиот лук.

Па така, ако ве зафатила настинка, пробајте, не може да ви наштети. Грицкајте свеж лук, или ставете го во некоја салата, испијте чаша јогурт со него и сл.