Како да ја оставиш личноста која ја сакаш

Ако се прашувате зошто луѓето оставаат некој што го сакаат, погледнете малку подобро околу себе.

Постојат милион водичи за тоа како да преболите прекин, но не и како да прекинете со некој. Ако размислувате за прекин на врската, немате поради што да се чувствувате лошо. Понекогаш работите едноставно не функционираат, дури и кога ја сакате личноста со која сте.

Тешко е точно да се знае како да раскинете со некој. Но постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ја намалите болката, а притоа да не се чувствувате како злочковци.

Како да знаете дали треба да раскинете со некој

Ние се заглавуваме во пријатноста на нашата непријатност. Нашиот мозок секогаш ќе оди по линија на помал отпор. Така, ако постои сомнеж дали да прекинете со некој, многу е лесно само да продолжите да го правите она што го правите. Нашите мисли можат да бидат ограничувачки, така што е важно е да го надминеме тој отпор и да дојдеме до суштината на проблемите.

Не постои исправно или погрешно кога прекинувате со некој. Меѓутоа, постојат чекори кои можете да ги преземете да поминете што полесно низ тоа.

Не се плашете да кажете како се чувствувате

Штетата предизвикана од прекинот може да се сведе на минимум ако се постапува правилно, а најдобар начин да се направи тоа е отворената комуникација. Било да сте во моногамна или во полиаморна врска, искреното соопштување на своите потреби, но така да не го окривувате партнерот, секогаш е најдобар чекор напред.

Прекинете „очи во очи“

Секако, не е секогаш можно да се прекине со некој лично. Особено ако таа личност лесно манипулира со вас. Но ако верувате дека врската е на ниво на кое можете отворено да комуницирате, секогаш правете го тоа очи во очи.

„Правилото би требало да биде: Дали би сакале на тој начин да ги дознавате лошите вести? Се е во тоа да се однесувате кон некој онака како што сакате да се однесуваат кон вас. И немојте да се плашите да бидете кратки и прибрани. Не мора да држите говор од 10 страници.“

Не се обидувајте да направите другата личност да се чувствува подобро

Кога ќе заврши врската, емоциите на другата личност повеќе не се ваша одговорност. Понекогаш со тоа што ќе ја тешите ќе направите само уште поголема штета и ќе ве спречи да почнете да се чувствувате подобро.

„Ако не сакаш да бидеш со некој, тогаш не мораш да бидеш со него. Одвојте си доволно време да си простите себе си и да го направите она што е најдобро за вас.

Прекинете ги сите контакти со сега веќе поранешниот партнер

Да соберете храброст и да го блокирате поранешниот партнер на социјалните мрежи може да биде прилично тешко. Премногу е лесно да заглавите во идејата да останете пријатели (или уште полошо – другари за секс). Примамливо е да се остане отворен за контакт во случај да постои можност да се сменат работите, но вистината е дека на крај ќе гледате слики во кои ќе барате знаци дали е сам или се забавува со некој.

Дајте си време за тагување

И понатаму имате право да тагувате дури и ако вие сте причината за прекинот. Важно е да си дозволите да чувствувате било што и да чувствувате. Сосема е во ред ако денес не сакате да станете од кревет, само внимавајте да не и се препуштите премногу на тагата.

Ставете се себе на прво место

Колку подолго сте биле во врска, толку повеќе вашето чувство за идентитет ќе се стопи со партнеровиот. Затоа, ако се чувствувате дека сте изгубиле дел од себе кога сте се разделиле, тоа е така.  

По прекинот, одвојте време повторно да се составите. Фокусирајте се на спиење, едукација, вежбање, исхрана и дружење.