Како да ја намалите температурата без лекови

Ако имате висока температура немојте веднаш да посегнувате по лекови, прово пробајте ги следниве природни нешта…

Течност на секој еден час

Најдобро е да не јадете сува храна и да пиете што повеќе течности: чаеви без кофеин, цедени овошни сокови, вода со неколку капки лимон. Топлиот чај е најдобар затоа што го подобрува потењето, а тоа е природен механизам за ладење на телото, кој исто така го ослободува организмот од токсини.

Туширање со ладна вода и ладни облоги

За овие методи веројатно веќе знаете, но можеби не ви е познато дека туширањето во ладна вода ја намалува температурата само на кратко време. Истото важи и за ладните облози – „работат“ само ако сте упорни.

Корен од ѓаволска канџа

Оваа билка на латински се нарекува harpagophytum, а топлиот чај од неа ја намалува температурата, има антивоспалителни својства па така може да помогне при бактериски инфекции.

Какао

Топлото какао традиционално се користи како средство против висока температура, депресија, болести на бубрезите и црниот дроб.

Чили

Народите на Мексико, Индија, Кина и Тајланд знаат дека лутата храна не е само вкусна, туку и помага во намалувањето на телесната температура. Храната која содржи чили предизвикува потење – природен механизам за ладење на телото.

Индијански напиток

Индијанците против грозница правеле луто-кисел напиток од каенска пиперка и портокали. Каенската пиперка се натопува во врела вода, се додава шеќер (мед) и сок од портокал, овој напиток, освен што ја намалува температурата, поттикнува потење и го снабдува организмот со витамин Ц.

Ѓумбир

Покрај бројните лековити својства, ѓумбирот исто така ја намалува и температурата. Направете чај од ѓумбир во прав и додадете малку лимон. Овој напиток не само што поттикнува потење и ја намалува температурата, туку помага и при бактериски инфекции на грлото.