Како да израснете силна и бестрашна ќерка?

Ако сакаме да имаме силни и бестрашни ќерки, треба и самите да бидеме такви.

Ако жената се гледа себеси како слаба и плашлива, тогаш таа истиот пример ќе и го пренесе и на својата ќерка, сакајќи или не. Мајките мораат да бидат храбри за да можат да внесат храброст во своите ќерки.

Во својот TED говор, Керолин Пол истакнува дека жените не треба да се плашат да ги кршат правилата, да преземаат ризици и да се соочуваат со неуспеси. Керолин  се осврнува на нејзиниот обид да го сруши светскиот рекорд  во лазење (да, прочитавте добро). Таа тогаш премногу се плашела, но вели „ денес на тоа гледам на поинаков начин бидејќи кога се обидов да постигнам светски рекорд, правев три нешта: излегов од мојата комфорна зона, се обидов да се соочам со себеси и верував во себеси и во моите одлуки. Тогаш мислев дека тоа е неуспех, но денес за мене тоа е храброст“.

Многу жени веруваат дека тие можат да се силни и храбри како мажите. Но, проблемот е во тоа што се плашиме од првичната рекација, бидејќи на девојките секогаш им се вели дека се ранливи и слаби и дека не можат да бидат силни. Кога малите девојчиња стануваат дел од детската игра, ним им се вели да бидат внимателни. Од друга страна пак, на мажите им се вели дека треба да се борат да ги постигнат нештата. На тој начин, до децата се испраќа порака дека едните се силни, односно треба да се силни, а дека другите (девојчињата) се кршливи.

Така, ако за себеси мислиме дека сме слаби и ранливи им правиме лоша услуга на нашите ќерки. Но, како да ги научиме да бидат храбри и бестрашни?

Охрабрете ја авантурата и спонтаноста

Дозволете им да влегуваат во игри кои не им се познати и дозволете им да се љубопитни за светот околу себе. Тоа ќе им даде сила, но и самодоверба. Постојат многу лекции кои можат да ги научат низ тоа, кои ќе им помогнат да станат силни жени во иднина.

Престанете постојано да ги прекорувате

Внимавајте како постојано им велите да внимаваат, понекогаш дури и без причина. Запаметете дека некогаш морате да ги пуштите да грешат, да паѓаат. Не правете да се чувствуваат како да не се доволно добри.

Водете ги кон храброста

Кога некогаш велат дека се исплашени, не ги форсирајте. Објаснете им која е разликата меѓу стравот и храброста и послужете им како пример како да донесуваат одлуки. Да го најдат баланост меѓу стравот и бестрашноста.

Бидете нивниот пример

Бидете нивниот ментор, пример и најдобар пријател. Потсетете ги дека сте секогаш тука за нив, со која ситуација и да се соочат. Кога се анксиозни, плашливи и нервозни, разговарајте со нив и охрабрете ги.