Како да изградите навики кои ќе ви помогнат да бидете среќна личност?

Како што минуваат годините, така се повеќе сфаќаме колку е големо влијанието на добрите навики за нашето тело и ум, но и целокупна добросостојба.

Познатиот автор на книгите „Проект на среќата“ и „Подобро од претходно“, Гречен Рубин со своите читатели споделува интересни идеи за тоа како можат да се изградат добри навики и да се биде (по)среќен на долг рок.

Бидете одговорни кон себеси

Суштината на секоја навика е тоа дека за неа сме одговорни самите пред себеси. Треба да знаеме дека само пред себе одговараме за тоа каков живот ќе одбереме да живееме. Сакаме да бидеме среќни? Тогаш, мораме да направиме нешто во однос на тоа. Никому не одговараме за тоа, но и самите сме си одговорни за својата среќа.

Заборавете на нештата кои ви одземаат вниманието

Ако решите да се посветите на нешто, посветете се на тоа. Заборавете на сите нешта околу вас кои се навидувам неважни, но кои сепак ви го одвлекуваат вниманието.

Бидете свесни дека постојано ќе барате изговори

Ќе си велите дека е викенд, дека ќе почнете од понеделник, дека некој друг влијае на вашата одлука, но сето тоа се попречувања кои само ве одалечуваат од целта. Внимавајте на тоа и следете кои изговори ги користите и кога. Така ќе успеете да препознаете и како да делувате.

Давајте си награди

Ако успеете подолго време да се посветите на некоја навика, дајте си награда за тоа. Кажете си дека тоа е добро. Искористете награди кои ви помагаат да ја одржувате навиката.