Како да го поправите сексуалниот живот брзо и едноставно?

Дури откако ќе разговарате за тоа што сакате во кревет, може да порасне веројатноста вашите сексуални желби да бидат задоволени, покажува скорешно истражување.

Според истражување на Универзитетот Нотр Дам во Мериленд, мачо мажите имаат подобар сексуален живот. Резултатите покажале дека мажите кои постигнале најдобри резултати по стандардизиран прашалник за машкоста, својот сексуален живот го оцениле како идеален.

„Причината за тоа е што машкоста е поврзана со самодовербата, а сето тоа може да помогне во поправувањето на сликата за самиот себе. Вашите цели, високата самодовербата и сличните работи се многу важни за машкоста, а сето тоа посебно доаѓа до израз во спалната соба“, објаснува коавторката на студијата, д-р Саманта Даниел.

Истражувањето открива дека комуникацијата во сексот е многу важна и крајниот заклучок е дека треба да разговарате за тоа што го сакате во креветот за да бидат задоволени вашите желби.

Кога на партнерката ѝ ги искажувате желбите и потребите зборувајте го тоа во текот на сексуалниот чин. Според сексологот Глорија Брејм, повеќето жени сметаат дека е секси да водите безобразни муабети во текот на сексот.

Затоа, зачинете го сексуалниот живот со моќта на изговорените зборови, пишува Men’s Health.